Откри дека боледува од Хашимото синдром: Жељко Самарџиќ си ја отвори душата за здравствениот проблем

Добивај вести на Viber

Сè започнало со претерано потење, па отишол на преглед и таму дознал дека има проблем со тироидната жлезда кога му бил дијагностициран синдромот Хашимото.

Пејачот Жељко Самарџиќ дознал дека боледува од Хашимото синдром, па си ја отвори душата и откри како дознал за неговата дијагноза.

- Тоа веќе не е проблем, пијам апчиња. Изгледаше како наеднаш да почнав да се потам. Мислев дека е до концертните сали. Секогаш имав крпи за бришење, ми требаа години. Мислев дека имам други проблеми. Се сеќавам дека ги оперирав потните жлезди во Сремска Каменица, имав краток фитиљ, брзо реагирав. Кога беше откриен проблемот со тироидната жлезда, дека тоа е Хашимото, беше полесно. Ќе ги пијам апчињата додека ми држи срцето...Се чувствувам добро сега. Грижете се за вашето здравје, внимавајте, децата на Интернет нека не земаат сè при срце и нека се дружат повеќе - рече Жељко во емисијата „Премиера - Викенд Специјал“.

Причините за појава на синдром Хашимото се антителата кои во тироидната жлезда доведуваат до имунолошко-воспалителна рекација.

- За време на пандемијата поминав многу време во Которскиот залив. Се исклучив и полесно ја совладав ситуацијата и сè што се случуваше. Мојата Миња, најмалата ќерка е бремена, па чека бебе на почетокот на февруари, посебно се грижиме за неа. Ќерка ми ќе пее придружни вокали со бебето во стомакот на 24-ти, на концертот. Нејзиниот избраник е гитарист и гледам дека е среќна - изјави Жељко за „Премиер-викенд специјал“.

извор:GLOSSY

Прославуваат 44 години заеднички живот: Жељко Самарџиќ сподели емотивна фотографија со сопругата Маја