Прославуваат 44 години заеднички живот: Жељко Самарџиќ сподели емотивна фотографија со сопругата Маја

Добивај вести на Viber

Како круна на љубовта им се трите наследници, а од таа 1977 година во нивниот живот ништо не се променило...

Истакнатиот пејач Жељко Самарџиќ е горд на односот со сопругата Маја со која денес прославуваат 44 години заеднички живот и љубов, а во бракот добиле три ќерки.

„Понекогаш убав збор, насмевка, бакнеж на секоја жена ќе ѝ значи многу, особено во моментите кога не ѝ цветаат рози. И секако, без љубов ништо од тоа не вреди. Од неа сè почнува и таа е магичен прав кој создава магија. Можеби уште некоја моја песна и ете ви го рецептот за среќен брак. Важно ми е на лицето на жена ми да видам насмевка. Заслугата за растењето на децата пред сè ѝ припаѓа на мојата сопруга. Таа е столбот на нашето семејство“ - кажа своевремено пејачот за „Курир“.

За овој повод, Самарџиќ сподели фотографија со својата поубава половина, а под објавата истакна дека во нивните животи не се променило ништо од таа 1977 година.

View this post on Instagram

A post shared by Željko Samardžić (@zeljko_samardzic)