Откриени детали за кавгата помеѓу принцовите: Вилијам бил фасциниран од Меган, а потоа почнал да се сомнева во неа

Како точно Меган Маркл го предизвика раздорот меѓу Хари и Вилијам, открива новата книга за кралското семејство

Во книгата „Браќа и жени: Внатре во приватните животи на Вилијам, Кејт, Хари и Меган“, Кристофер Андерсен дава детали за конфликтот меѓу Хари и Вилијам откако Хари реши да ја запроси Меган Маркл. Вилијам, пишува Андерсен, го советувал својот брат да не брза со бракот, што го налутило Хари, па тој му рекол: „Што по ѓаволите мислиш дека си?“. Тоа, вели авторот на книгата, се случило во септември 2017 година. Андерсен оваа книга ја подготвил со помош на упатени лица од кралската палата, а во книжарниците ќе се најде на 30 ноември.

Конфликтот меѓу браќата започнал кога семејството дознало за бурната романса со разведена жена што ја запознал Хари на „состанок на слепо“ во јули 2016 година. Ерл Спенсер, братот на принцезата Дијана, се согласил на барањето на Вилијам да влијае на Хари малку да забави „со гледањето со Меган“. 

Сепак, планот не одел како што замислил Вилијам бидејќи Хари, бесен што семејството го пика носот во неговите лични работи, дошол во конфликт со сите за кои се сомневал дека се против Меган. Тој зборуваше се најдобро за семејството и се плашел од денот кога ќе му ја претстави својата избраничка на Вилијам, бидејќи се плашел дека брат му ќе биде груб со неа. Сепак, Вилијам на почетокот бил „маѓепсан“ од Меган. Не поминало долго, па повторно почнал да се сомнева во изборот на идната снаа.

Вилијам и Кејт сакаа „вистинска англиска роза“ за нивна снаа, а особено беа загрижени за Томас Маркл, таткото на Меган Маркл, а уште полошо стана кога Саманта и Томас, полубратот и полусестрата на Меган, зборуваа за медиумите дека Меган ќе биде „отровен додаток на кралското семејство“. Вилијам се пожалил и на својот татко, принцот Чарлс, бидејќи бил загрижен поради опсесијата на Хари со Меган. „Се чувствувам како да го изгубив мојот најдобар пријател“, му рекол тој на својот татко.


Фото: Профимедиа

Таткото на Меган Маркл: Се однесува крајно некултурно, почна да го навредува кралското семејство