Откриени деталите од разговорот помеѓу Анистон и Џоли: Што ѝ кажала изневерената актерка на својата колеша?

Кога е љубовта во прашање, животот и не ја галел популарната холивудска актерка Џенифер Анистон, која зад себе има два пропаднати бракови. Првпат се омажи во 2000 година за актерот Бред Пит, а бракот им траеше пет години.

Причината за разводот, како што сите знаат, беше актерката Анџелина Џоли, во која Бред се вљуби на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“. Не е тајна дека на Анистон ѝ требало многу време да се опорави по тоа, но дури неодамна се откриени и некои нови детали од тоа време, како средбата на двете жени.

Имено, кога Џенифер за „Venity Fair“ зборуваше за тој период во својот живот, откри дека седум години помладата колешка Анџелина ја сретнала само еднаш и тоа на паркингот на кој се снимала серијата „Пријатели“. Тоа било во 2004 година, пред да започне снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“, во кој нејзиниот тогаш сопруг Бред и Анџелина ги играа главните улоги, пишува „Глоси“.

Џенифер раскажа како застанала кога ја видела Анџелина, по што ѝ се претставила.

Тогаш ѝ кажала: „Бред е многу возбуден што може да работи со тебе. Се надевам дека добро ќе се забавувате.“

Не ни насетувала дека средбата на Аџелина и Бред ќе означи крај на нејзиниот брак и почеток на нова љубовна приказна. Но дури денес, по многу време, може да се почувствува тагата поради коментарот кој ѝ го упатила на својата ривалка, не знаејќи дека всушност ѝ е ривалка.

Џенифер исто така призна дека Бред брзо откако ја запознал Анџелина заминал.

фото: Profimedia