Открива многу за тебе: Како да провериш што си во ПОДЗНАК?
Доколку во моментов сте малку збунети, не грижете се - во потполност ве разбираме!
Вистина е. Секоја личност има повеќе од еден хороскопски знак и тоа дури три: знак, подзнак и Месечина во знакот. Сите се подеднакво важни и сите влијаат на нашата личност и животниот пат, пишува Odyseey. Знакот кој го сметаме за главен и единствен со кој поголемиот број луѓе се запознаени, се однесува на положбата на Сонцето на небото во моментот на раѓање.
Но, доколку го знаете точното време, ден и место на раѓање, можете да пресметате кој е вашиот подзнак, но и се што подетално ве одредува како личност. Преку подзнакот може да се дознаат многу карактерни особини: што да очекувате од љубовта во животот па дури и околностите во кои ќе го напуштите овој свет. Подзнакот ве одредува како се претставувате пред другите. Доколку ве интересира што сте во подзнак, може да проверите ОВДЕ.
Месечината во знакот ја отсликувата вистинската ваша личност. Вашиот начин на размислување, како ги обработувате информациите, влијаат на тоа која ќе биде вашата доминантна емоција низ животот и каков однос имате кон минатото и спомените од детството.
За приказната да биде уште покомплицирана, има и други големи влијатели на вашата личност. Тоа се Венера, Уран и Меркур – планети кои може да ви ги претстават животот до последниот детал.
Навистина фантастично е тоа што многу работи може да се дознаат за нас уште од нашето само раѓање. Секако, тоа не значи дека можеме да ја видиме својата иднина, туку ова е прецизен приказ на нашите доминатни карактеристики кои ќе не водат низ животот.