Ова е модел на чизми кој ќе се носи убедливо најмногу оваа есен: Може да ги комбинирате апсолутно со сѐ

Добивај вести на Viber

Тренд кој никогаш не старее, каубојките доживееја големо враќање оваа сезона. Есента само што не пристигнала, а веќе на крајот на летото можеме да видиме навестувања за трендови кои ќе се носат во одличен стил оваа есен - каубојки.

Каубојките се најмодерни оваа есен, тие се ѕвезди на повеќето продавници и ги уриваат сите продажни рекорди.

Ги носат хероини од сите возрасти, од Џиџи Хадид до Дајана Кругер и Емили Ратајковски.


Каубојки и кожени панталони

Овие чизми изгледаат многу моќно со кожени панталони, а носете ги со кошула и стилски предимензиониран блејзер и бидете сигурни дека нема да останете незабележани.


Каубојки и мини-здолниште

Мини-здолништата и каубојските чизми се модна формула која ја сакаат девојките кои се храбри. Станува збор за комбинација која е лежерна, смела и многу популарна.

Каубојки и предимензиониран џемпер


Наместо маичка, поминете ги поладните утра во топли, густи плетени џемпери кои ќе бидат хит оваа сезона, а стојат одлично со каубојски чизми.



Насловно фото: Инстаграм принтскрин