Ова е најбараниот модел на фармерки за есен 2023: Жените ширум светот ги сакаат, а секаде се распродадени

Добивај вести на Viber

Моделот привлекува со својот крој, нагласен струк, боја, извезени детали и широки ногавици

Овој модел во претколекцијата есен/зима 2023 година е опишан како потсетник на деведесеттите. По претставувањето на новите парчиња облека од Шанел, јасно е дека во текот на претстојната есенска сезона само едно ќе доминира - фармерките, но не секој модел! Имено, иако сите водечки модни брендови преку своите ревии и колекции најавуваа дека овој тип на панталони ќе бидат „must have“, оваа особено се истакна!

Станува збор за модел на фармерки Шанел за есен 2023. Моделот привлекува со својот крој, нагласен струк, боја, извезени детали и широки ногавици во кои доминира двојниот C. Цената на овој модел е 2700 евра, што не ги спречи љубителите на модата да го направат ова парче недостапно затоа што фармерките се распродадени апсолутно насекаде!

View this post on Instagram

A post shared by Iman Perez (@imanperez)


Шанел фармерките отсекогаш биле посакувано и престижно парче, но овој модел со истакнат принт Шанел ги префрли фармерките во категоријата на премиум луксуз, што го потврдуваат и многу модни ТикТокери.⁠ Овој модел во претколекцијата есен/зима 2023 година е опишан како потсетникна деведесеттите и под влијание на хип-хоп музиката, а заштитно лице на кампањата е моделот и актерка Иман Перез, пишува Ел.

View this post on Instagram

A post shared by Iman Perez (@imanperez)


Дополнителен глад за ова парче предизвикаа бројните познати личности кои шетаа во овој модел во последните неколку недели, што доведе до активирање на пазарот за користена облека каде истиот модел сега се препродава за двојно поскапа цена.


Фото: фреепик/Инстаграм

5 задолжителни парчиња без кои Французинките не одат на одмор: Погрижете се да ги ставите на списокот