Ова е најбараниот моден бренд во светот

Добивај вести на Viber

Светските модни медиуми објавија кој е најпопуларниот светски бренд во моментов. Станува збор за американскиот бренд Off-Whitе.

Истражувањата се направени според инфлуенсерите на социјалните мрежи, а и бројките го кажуваат своето. Повеќе од пет милиони купувачи во текот на еден мсец, нарачуваат производи од овој бренд преку 12.000 онлајн продавници.

Оваа, сега веќе култна фирма нуди спортска облека, модни додатоци како чанти и ремени, чевли, чизми, но и елегантни парчиња, пантолони, сакоа и фустани. На листата на дваесетте „најжешки“ производи во последниве четири месеци на светско ниво, се наоѓаат дури три производи на брендот „Off-Whitе“, а единствен бренд кој има четири производи е „Најк“. Кога ќе се земе во предвид дека „Најк“ постои 54 години, а „Off-Whitе“ само неколку години, тогаш секако треба да му честита на брзиот раст на модната сцена.

Секој квартал во годината, брендот бележи неверојатен пораст, тој е баран за 14 проценти повеќе во просек од претхониот квартал. 

Фото: Официјална страница на Off-Whitе