„Ова е најлошиот ден во мојот живот“: Јелена Карлеуша боса и заглавена во поплавата, нејзиниот џип потопен (ВИДЕО)

Дека секогаш може да биде полошо, почувствува вчера вечер пејачката Јелена Карлеуша.
На денот кога објави дека таа и Душко Тошиќ се разведуваат, а само ден по објавата дека се преселила во нова куќа, Карлеуша објави видео извикувајќи дека ова е најлошиот ден во животот.

Вчера како и низ повеќето места во Македонија, така и во Србија имаше страшно невреме и поројни дождови, а особено на „Нови Београд“ дошло до хаос откако нивото на водата достигнало до толку што ги потопило автомобилите, а луѓето не можеле да ги напуштат своите возила поради непроодност, па стоеле заглавени со часови.

Како многумина така и Карлеуша била излезена за време на невремето, а нејзиниот џип се заглавил и потонал во водата кај Бежанија. За среќа, имало некои господа кои ѝ помогнале на госпоѓата во неволја и како што гледаме на видето ја придружиле да стигне на безбедно.


Карлеуша е снимена како боса оди низ студената вода, додека нејзиниот џип бил под вода, и коментира:

- Ова е најлошиот ден во мојот живот!


Таа денес објави дека заглавила додека се обидувала да дојде до нејзината тетка која пак заглавила со Ника, помалата ќерка на Карлеуша. Таа им се заблагодари на сите кои ѝ помогнале.

Да потсетиме, Јелена Кареуша вчера се огласи на Инстаграм и објави дека таа и Душко Тошиќ се разведуваат по 14 години брак.

Лудило: Јелена Карлеуша го покажа новиот гардеробер - облека и модни додатоци вредни милиони (ВИДЕО)