Ова е првата сопруга на Том Круз поради која стана опседнат со бизарен култ: Еве како денес изгледа жената која го воведе во контроверзниот свет

Фото: Profimedia

Мими Роџерс беше првата сопруга на Том Круз која го запозна со контроверзниот свет на Скиентолошката црква.

Американската актерка, позната и како првата сопруга на Том Круз, Мими Роџерс, се појави на церемонијата на доделување на наградите „Gracie“, каде што со своето доаѓање предизвика голем интерес, откако извесно време не беше појавена во јавност.

За церемонијата 66-годишната актерка избра припиен цветен фустан со кој ја истакна својата линија, а додека позираше пред насобраните фотографи не ја симна насмевката од лицето.

Фото: Profimedia

Мими и Том беа во брак од 1987-ма до 1990-та година, а токму таа го запозна со Скиентолошката црква на која актерот сè уште ѝ припаѓа, а поради која наводно бил оставен од неговите поранешни сопруги Никол Кидман и Кејти Холмс.

Имено, Мими е воспитана според скиентолошките верувања и правила, но денес повеќе не живее по нив.


Извор: zena.blic.rs