„Ова не може да биде случајно“: Камила на крунисувањето на Чарлс ќе ѝ го зададе последниот удар на покојната Дајана

Добивај вести на Viber

Кралицата-сопруга Камила (75), жената на кралот Чарлс Трети, официјално ќе ја преземе титулата на 6 мај, кога нејзиниот сопруг доживотно ќе биде официјално крунисан во Вестминстерската опатија.

Сѐ уште се шпекулира со деталите од оваа церемонија, а познато е дека Камила најверојатно нема да носи круна со познатиот дијамант Кох-и-Нур поради почит кон Индија, од каде што потекнува овој скапоцен камен.

Сега е откриено кој е задолжен за модната комбинација на кралицата, а таа информација ги изненади Британците бидејќи се работи за Брус Олдфилд (72), дизајнер кој е најпознат по пријателството со – принцезата Дијана!

А, и врапчињата на гранките веќе ја знаат приказната како Чарлс ја изневерувал Дајана со Камила од самиот почеток на нивниот брак и колку била несреќна покојната принцеза од Велс, па нејзините обожаватели се огорчени.


Сепак, за познавачите ова не е големо изненадување бидејќи денешната сопруга на Чарлс и Олдфилд соработуваат десет години и тој стои зад нејзините комбинации за најважните прилики. Покрај тоа, тие изградиле пријателски односи.

View this post on Instagram

A post shared by PANORAMA | MODA - SOCIAL (@panoramadelheraldo)



- Камила има многу блиско пријателство со Брус, кое трае долги години, па ова е природен и очигледен избор. Камила му верува на Брус бидејќи тој навистина се покажал кога се во прашање фустаните за настаните кои ѝ биле најважни – изјавил за The Sun извор близок до Бакингемската палата.

Брус Олдфид дизајнираше некои од најпознатите фустани на принцезата Дијана кога се зближија во 1980-тите. Затоа, реакциите на британската јавност на оваа вест не се големи.


„Има ли нешто од Дијана што оваа жена не го сака?“, „Од илјадници луѓе во модната индустрија, само тој, нималку проѕирен“, „Нема срам“, „Камила ѝ го украде дизајнерот на Дијана и сè уште секогаш изгледа погубно“... се некои од коментарите.

Во 21 век, Олдфилд соработуваше со широк спектар на ѕвезди, вклучувајќи ги Ким Кардашијан, Ријана и Тејлор Свифт. Тој ја дизајнираше и венчаницата на кралицата Ранија од Јордан, а важи за еден од најпочитуваните во светот на модата. Инаку, тој е син на Иркиња и Јамајканец, а се заљуби во модата уште од мали нозе, кога правел фустани за куклата на сестра му.



ФОТО: Твитер/Инстаграм