Ова никако не можеле да го предвидат: На венчавката на Огњен Амиџиќ и Даниела Димитровска една работа излегла од контрола

Долго го планирале својот најсреќен ден, но ова никако не го очекувале...

Венчавката на Огњен Амиџиќ и Даниела Димитровска судејќи по сè ќе остане запаметена не само како еден од најубавите денови во нивниот живот, туку и поради еден настан кој се случил токму на денот на нивната венчавка.

Тие се венчаа во 2012 година во црквата во Земун. На вечна љубов се заколнаа пред 250 гости, а она што е интересно е дека тие често ги прераскажуваат анегдотите од нивната венчавка.

Свадбената церемониа ја подготвувале многу долго за да не дојде до некој пропуст, но сепак се случила една ситуација која никако не можеле да ја предвидат.

Имено, нивната свадбена торта поради невнимание на возачот завршила на една друга свадба, па така церемонијата на прво заедничко залче морала да биде одложена.

Интересно е што тие двајца се запознале на снимањето на авторската емисија на Огњен во 2009 година.

Тогаш и двајцата биле во брак, но веќе наредната година почнале заедно да се појавуваат и да истакнуваат дека се во врска.

„Даниела и јас прво се запознавме во емисија и на мене остави фантастичен впечаток. Не сум класичен романтичар на тој некој неочекуван начин во смисла цвеќе и појадок во кревет, но јас тоа го покажувам на некој свој начин. Секако, сакам да ја изненадам со подарок, меѓутоа, Даниела многу повеќе реагира на оние работи кои не се материјални“ - исткана во една прилика Огњен.

фото: Принтскрин / Јутјуб