Ова се 3-те најпаметни хороскопски знаци: Невозможно е да ги изиграте, затоа што секогаш се чекор напред
Ретко кој ќе си признае себеси и на другите дека има „кавга“ со интелигенцијата, но затоа поединци можат да се пофалат дека мозокот им работи со 100 на час.
Постојат неколку видови на интелигенција - емоционална, интуитивна, практична, перцептивна и аналитичка, а припадниците на овие три хороскопски знаци се чини дека го поседуваат секој од нив.
Девица
Девиците ги забележуваат и најмалите детали во секоја ситуација. Се смета за најпаметниот знак на Зодијакот бидејќи меша различни видови интелигенција. Родените во овој знак се аналитички, но и многу креативни, што ги прави исклучително добри во решавањето на проблемите.
Освен тоа, Девиците се неприкосновени во читањето луѓе и ситуации, главно затоа што секогаш внимаваат на деталите што другите ги пропуштаат. Најголемиот проблем е нивната тенденција да ја преанализираат секоја ситуација, а тоа понекогаш може да ги доведе до опсесија.
Шкорпија
Родените во овој знак се многу интелигентни, независни и не дозволуваат никој да си игра со нивните емоции. Интелигентни, храбри и исклучително интуитивни, брзо ќе ја најдат вашата „Ахилова пета“ и ќе свртат сѐ во своја полза.
Тие имаат многу остар ум и имаат тенденција да ја кажат вистинската работа во вистинско време. Тие се склони кон длабоко размислување, претерана анализа на луѓето и ситуациите околу нив.
Водолија
Водолиите имаат сосема поинаков поглед на светот. Тие се многу длабокоумни, сакаат да разговараат за филозофски теми, а филозофирањето го сметаат за најлесната работа на светот.
Кога станува збор за бизнис „со брзина на светлината“ ќе најдат решение за секој проблем и ќе предложат корисни совети.
Ако некоја тема ги интересира, ќе се обидат да дознаат сè за неа, но ако темата не е интересна и инспиративна, нема да губат ни минута од своето време.