Ова се најчестите имиња кои родителите им ги давале на бебињата во Македонија лани: Едно е со убедливо водство

Добивај вести на Viber

 Ако се прашувате кои се најчестите имиња кои родителите им ги давале на бебињата во 2021 година, одоговорот го најдовме во публикацијата  „Северна Македонија во бројки“ која денес ја објави Државниот завод за статистика.

Според виталната статистика, минатата година се родиле 18.648 живородени бебиња, од кои 9.531 машки и 9.117 женски.

Како најчести 20 имиња пак, десет машки и десет женски, со убедливо водство е Лука - 213 родители си го крстиле детето со тоа име, а Јана и Софија пак го делат првото место како најчести женски имиња.

Топ пет најпопуларни имиња за момчиња се Лука, Дамјан, Михаил, Марко и Јован. Додека за девојчиња најпопуларни се имињата Јана, Софија, Ана, Мила и Хана.

извор:принтскрин „Северна Македонија во бројки, 2022, стр. 17", ДЗС

Општиот заклучок е дека родителите обично се трудат на своите деца да им дадат што е можно пократки имиња, кои со себе носат убаво значење и симболика, а истовремено се и модерни.


фото:unsplash