ЌЕ ЗНААТ ТОЧНО КОГА ИМ СЕ ПРИБЛИЖУВА НАСИЛНИКОТ - се предлага нов закон за жените жртви на семејно насилство

Добивај вести на Viber

Промена на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство бара пратеничката Моника Зајкова. Нејзиниот предлог веќе е доставен до другите колеги пратеници, а согласно документот поставен на веб страната на Собранието, Зајкова предлага конкретна мерка со која жртвите ќе добијат предупредување во случај кога напаѓачот им се приближува. 

Со Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство уредени се итните и привремени мерки за заштита на жртвата и членови на нејзиното семејство од сторителот на насилство, меѓу кои и отстранување на сторителот од домот и забрана за приближување до домот на предлог на Министерството за внатрешни работи, без согласност на жртвата. 

Предложеното дополнување на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство има за цел да ја заштити жртвата од дополнително насилство од страна на сторителот, кој не почитува забраната за приближување до неа и до домот – се нагласува во законското решение.

Притоа се дополнува дека и покрај забраната, се случува жртвата по пријавувањето на насилството да биде изложена на дополнително насилство од страна на својот партнер кој не ја почитува забраната за приближување до домот. 

- Предложената промена на законот вклучува доуредување на привремената мерка забрана за приближување на сторителот до жртвата. 

Детали на Фактор тука.