Ова се најубавите цитати за љубовта

Ова се 13-те најубави љубовни цитати:

„Те сакам без да знам како, ни кога, ни од каде. Те сакам без проблем и гордост, толку те сакам што не знам да сакам поинаку. Те сакам на начин на кој ти не си ти, а јас не сум јас.“ - Пабло Неруда

„Единствено љубовта е вистинска, и единственото нешто што вреди во животот е љубовта.“ -  Џон Ленон

„Љубовта е пријателство кое ја компонира најубавата музика.“ - Џозеф Кемпбел

„Најубавиот подарок кој можеме да го дадеме некому е нашето внимание. Кога оние кои ги сакаме ќе ја почувствуваат нашата љубов, ќе расцветаат во најубавиот цвет.“ - Тик Нат Хан

„Љубовта ги симнува сите маски кои сме ги ставиле од страв, мислејќи дека без нив не можеме да го живееме овој живот.“ - Џејмс Болдвин

„Кога сакаш некој, најмногу се плашиш дека можеби ќе бидеш повреден. И ќе бидеш.“ - Брендон Скот Горел

„Тој не е совршен. Не си ни ти. Ниту вие двајца ќе бидете совршени. Но, ако тој може да те насмее барем еднаш, да те натера да размислуваш барем два пати и ако признае дека е човек кој греши, не го пуштај и дај му сè од себе. Нема да ти рецитира поезија, нема да мисли на тебе во секој момент, но ќе ти даде дел од себе свесен дека ти можеш да го уништиш. Не го повредувај, ниту не го менувај и не очекувај повеќе од она што може да ти даде. Смеј се кога те усреќува, викај му кога те лути и нека ти недостасува кога не е во близина.“ - Боб Марли

„Често ми е доволно да бидам само близу до него. Да не се допираме. Ниту да зборуваме. Тишина меѓу нас. Тоа е единственото нешто што ме убедува дека не сум сама.“ - Мерилин Монро

„Мора да ја надминеме страста. Тоа бара доста напор затоа што претставува ремек дело на нашите емоции. Прекрасна хармонија на чувства. Треба да научиме да се сакаме без врзувања... и без временско ограничување.“ - Федерико Фелини

„Не сакам само да ме сака, туку и да ми изјавува љубов.“ - Џорџ Елиот

„Љубовта е глас кој ја навикува секоја тишина. Надеж која го победува секој страв. Сила која е посилна од секоја слабост и вистина која се слуша побрзо од зраците на светлината, а трае подолго од ѕвездената прашина...“ - E. E. Камингс

„Знаете дека сте заљубени во оној момент кога не сакате да потонете во сон, затоа што реалноста е далеку подобра и поубава.“ - Др. Сеус

„Сами се раѓаме, сами сме во текот на животот и умираме сами. Единствено со помош на пријателите и љубовта можеме да создадеме илузија, дека барем на момент не сме сами.“ - Орсон Велс