Оваа болест не бира жртви, а заморот е прв симптом: Жените се најзагрозени
Фибромијалгијата е мускулно-косекено нарушување кое предизвикува замор, болка во мускули и зглобови, но и проблеми со памтењето. Фибромијалгијата е тешко да се препознае и дијагностицира, но има симптоми кои може да укажат на таа болест.
Болката е главен знак по кој се препознава болеста, но за разлика од останатите болни состојби, оваа болест е проширена на цело тео: труп, нозе и раце. Болните, претежно жени се жалат на проширена болка во мускулно-скелетниот состав, замор, пореметено спиење, болна чувствителност на поединечни точки на телото и на отежнато памтење и ослабена концентрација.
Причини за развој на фибромијалгија
Иако засега има многу теории, истражувањата допрва треба да ги откријат причините за појава на оваа состојба на мускулите. Некои доктори веруваат дека хормоналните или хемиските нерамнотежи го нарушуваат начинот на кој нервите сигнализираат болка. Други, пак, сугерираат дека трауматски настан или хроничен стрес може да ги зголемат шансите за развој на состојбата. Повеќето експерти се согласуваат дека фибромијалгија веројатно е резултат на комбинација од повеќе фактори.
Други симптоми се: -болка во стомакот -хронична главоболка, -сушење на уста -Неможност да се концентрирате - Инконтиненција
Фактори што може да ги влошат симптомите
Помеѓу факторите што може да ја влошат состојбата или симптомите на фибромијалгијата се:
- Студено или влажно време;
- Преголема или премала физичка активност;
- Стрес;
- Слабо спиење.
Некои истражувачи сметаат дека генетиката може да игра улога, но сè уште со сигурност не се знае кои специфични гени би можеле да бидат поврзани со оваа состојба.