Oваа дама го запали црвениот тепих со нереалниот фустан: Креацијата е чиста уметност и ремек дело на високата мода-создадено само за неа

Добивај вести на Viber

Убавата британска актерка и модел Џоди Тарнер Смит се прошета на црвениот тепих за проекцијата на филмот „White Noise“ за време на филмскиот фестивал BFI, а по тој повод ги воодушеви сите присутни!

Имено, Џоди се појави во исклучително интересен фустан кој беше целосно припиен до нејзиното тело и одлично ја истакнуваше нејзината фигура.

Необичниот златен модел на фустанот со висока јака беше изработен од комбинација на материјали, каде јасно се гледа преминот помеѓу меката светкава ткаенина и нагласените метални парчиња кои беа позиционирани од средината кон левата рака и оставаа впечаток на борбен оклоп.



Моќен, но едноставен, привлечен, а сепак сведен- ​​овој фустан е секако спој на навидум неспоиви крајности.

А целиот впечаток го комплетираа едноставни златни обетки и шминка кои особено ги истакнаа нејзините усни и очи.

Ефективна облека, која зрачи со смелост и самодоверба, манекенката одлично ја носеше.

А како изгледаше сето тоа погледнете подолу!




(Вртете на стрелката десно за повеќе фотографии)


foto: Instagram Screenshot