Оваа фотка е мојот одговор на ракот: Ти пишувам Раку, последно писмо и сакам да знаеш, не те чекам да се вратиш!

Добивај вести на Viber

Настасја го победи ракот во бременоста и порача: Ти пишувам Раку, последно писмо и сакам да знаеш не те чекам да се вратиш!

Настасја Недимовиќ е жена лавица, жена борец - таа е поранешна професионална ватерполистка од Нови Сад, но и жена која го победи ракот во бременоста.

Таа на својот Инстаграм профил редовно објавува разни совети и укажува на важни здравствени проблеми, но и ги мотивира сите кои се борат со рак да не се откажуваат и да веруваат во себе.

Нејзините совети се најмногу поврзани со здрав начин на живот и здрава исхрана, која најмногу влијае на квалитетот на живот, но и е најголем сојузник во борбата против болестите.

Пред некој ден таа објави моќна порака, преку која одговори кој е нејзиниот порив да се бори и да не се откажува:

„Зошто продолжуваш да се бориш кога знаеш дека е неизлечиво?!

Еднаш ми го поставија ова прашање...

Оваа фотка е мојот одговор. Единствен, вистинит и точен одговор.

Дали децата заслужуваат мајка која ќе се откаже?

Дали сопругот заслужува жена која ќе каже: „Не можам повеќе да издржам“?

Која ќе се откаже и ќе дозволи работите да се случат сами од себе?

Тие заслужуваат мајка воин, која ќе го крене својот тежок штит високо и ќе ги одврати ударите на животот.

Тие заслужуваат да ја видат борбата во моите очи. Во моите постапки.

Животот понекогаш е битка во која играте со картите што ви ги делат.

Успевате и се прилагодувате на новите ситуации.

Тоа е она што секогаш ќе ве учам, деца мои.

Затоа што волјата за живот секогаш победува.

Едно срце за сите мајки воинки и татковци воини!“ - напиша Настасја покрај фотката со нејзиниот сопруг и двете деца.


Таа му напиша и моќна порака на ракот:

„Ти пишувам Раку, последно писмо и сакам да знаеш... НЕ ТЕ ЧЕКАМ ДА СЕ ВРАТИШ!

Сакам да знаеш дека...

Имам уште што да слушнам. Да видам. Да доживеам. Да допрам и почувствувам.

Има уште некој да ме насмее, да ме земе во прегратка и да ме бакне.

Имам уште места да посетам. Луѓе да сретнам.

Сè уште имам кого да подучувам, штитам, усреќувам. И да испратам на вистинскиот пат.

И на крајот од тоа патување, кога ќе погледнам назад, преку моето рамо, ќе го видам мојот ЖИВОТ НАПИШАН СО ГОЛЕМИ БУКВИ!“


извор/фото:instagram