Oваа намирница може да ве подмлади

Руколата е богата со влакна и антиоксиданси, го забрзува метаболизмот и го штити организмот од токсини. Таа може да ве подмлади. Лекарите ја препорачуваат како посебна намирница во борба со лошиот холестерол и зголемениот шеќер, а дозата глукозинолат што ја содржи превентивно делува кај многу видови канцер.

Се препорачува и кај хроничните воспаленија и срцеви заболувања, а затоа што изобилува со високо ниво на хлорофил, ги спречува оштетувањата на ДНК и црниот дроб.

Руколата го штити мозокот, спречувајќи да дојде до когнитивни способности, бидејќи поседува големи количини природен витамин Б.