Овие 4 баби не печат колачи, тие владеат со сајтовите за возрасни: Бакнуваа малолетни момчиња, а една си најде момче на погребот на синот


И додека платформата „Only Fans“ многумина автоматски ја поврзуваат главно со млади и многу атрактивни девојки, факт е дека на тој сајт има многу баби, постари жени кои исто така ја бараат својата публика во желба да добијат дарежливи суми.

Сепак, се чини дека од месец во месец ги има се повеќе, а новинарката на британски „The Sun“ издвои четири дами кои допреа до бројни светски медиуми и ги открија причините зошто тргнале по овој пат.

Џина Стјуарт (51) е најпозната меѓу нив. Таа ја носи и неофицијалната титула „најатрактивна баба на светот“.

Foto:screenshot

Таа е по потекло од Австралија, а мајка е на четири деца и баба на еден внук.

Таа често на Инстаграм зборува за тоа како изгледа толку младо, а неодамна објави разголено видео во кое објаснува дека спиењето без облека помага за здравјето на вагината и го подобрува квалитетот на интимните односи.

Таа дојде до „Only Fans“ токму преку Инстаграм, откако сфати колку мажи сакаат да ја видат во разголени изданија.

Во моментов на Инстаграм ја следат 318 илјади луѓе.

Алмеда (77) и Гери Хардвик (23) се венчаа во 2015 година, само две недели откако се запознаа на погребот на синот на Алмеда, Роберт. Гери тогаш имал 17 години и токму во тој момент раскинал со својата поранешна партнерка.

Almeda Hardvik Foto:screenshot

По венчавката, која ја организираа за само шест дена, се преселиле кај еден од внуците на Алмеда, кој е три години постар од Гери.

„Не барав помлад маж, Гери едноставно се случи. Кога го запознав, веднаш знаев дека тој е вистинскиот маж за мене“, изјави Алмеда за The Sun.

Гери објаснил како се чувствувал привлечен од постари жени кога имал само осум години и истакнал дека е заљубен во една од своите учителки.

Пред да ја запознае Алмеда бил во врска со постара жена, но нивниот однос не бил добар, па паднал во депресија.

Тие во октомври отворија профил на „Only Fans“ и денес имаат над 18.000 следбеници.

Foto:screenshot

Шерил Мек Грегор (61) го запознала Куран Мекејн кога тој имал само 15 години. Во тоа време и двајцата работеле во ист ресторан.

Ја почувствувале привлечноста и хемијата, испробувале интимни врски, па кога сфатиле дека сè меѓу нив одлично функционира, се впуштиле во романтична врска. И покрај тоа што Куран, денес има 24 години, е дури и помлад од едно нејзино дете.

„Поинакво е, сè е прекрасно. Тој е многу чувствителен тип, а тоа го припишувам на неговите години. Емотивен е, ми покажува дека се грижи, а јас не можев да го остварам тоа со ниту еден друг маж", рекла Шерил.

„Нашиот однос е се подобар и подобар. Тој знае што прави, а тоа кај мене буди неверојатни чувства и искуства„, додал Куран, чија девојка е само шест години помлада од неговата баба.

За жал, семејствата не ја прифатиле нивната врска, настанал раздор, а Шерил особено ја повредило тоа што нејзините деца се жалеле на неговата боја на кожа.

Како и да е, отвориле и профил на „Only Fans“.

Шерил Лин (64), поранешна уметница од Флорида, го отворила својот профил во 2020 година, откако го изгубила својот сопруг Џон во 2015 година.

 Foto:screenshot

Еднаш изјавила дека е скршена од неговата смрт, но дека на крајот сфатила дека сепак мора да го живее својот живот.

„Имавме прекрасен брак, неверојатен интимен живот и заедно израснавме прекрасни деца. Тој беше прекрасен човек и уште подобар сопруг“, рекла таа за нејзиниот сопруг, кој почина од рак.

„Мојата цел сега е добро да се забавувам и да побегнам од традиционалниот живот“, изјавила таа откако отворила профил на „Only Fans“.


Foto: Social media / Instagram / screenshot


Тој имал 18, а таа 71 година кога се запознале на погребот на нејзиниот син: Се венчале после 2 недели

Таа има 61, а тој 24 години: Се*сот е фантастичен, таа знае што прави