Тој имал 18, а таа 71 година кога се запознале на погребот на нејзиниот син: Се венчале после 2 недели

Две недели по првиот состанок, таа без размислување се согласила да се омажи за Гери

Гери Хардвик, тогаш осумнаесетгодишник, беше на погребот на неговиот пријател Роберт, син на Алемеда, во 2015 година, која во тоа време имаше 71 година и таа веднаш го привлече неговото внимание. И покрај разликата од 53 години, двојката лудо се вљубила, а тие се венчале две недели подоцна и започнале да живеат во куќата на Алмеда. Со нив живее и нејзиниот внук, кој е три години постар од Гери.

Денес, скоро шест години подоцна, парот е сè уште подеднакво заљубен и ужива во бракот. Тие имаат заеднички профили на социјалните мрежи, околу 65 000 луѓе ги следат на ТикТок, а над 17 000 на Инстаграм.


Тие неодамна објавија видео на кое се прикажани фотографии од почетокот на нивната необична врска, која е прегледано повеќе од милион пати.

- Ја запознав љубовта на мојот живот кога имав 18, а таа 71. Поминаа скоро шест години и секој ден се повеќе се заљубувам во неа - напиша Гери во видеото.


По гледањето на видеото, многумина почнаа да им поставуваат прашања во врска со нивната врска, а Гери се обиде да одговори на некои од нив во следните објави.

- Кога зборуваме за разликата во возраста, мислам дека зависи од личноста. На крајот, сè се сведува на хемијата и тогаш таа разлика станува неважна. Постојат многу кои се во врска со своите врсници, но не се компатибилни затоа што имаат различни интереси и хоби - вели тој.

Многумина исто така се интересираа како би му било кога таа ќе умре.

- Честопати тоа не прашуваат. Малку е чудно прашање, само затоа што некој е постар не значи дека прво ќе умре. Можев да умрам пред Алемда. Секако никој од нас не знае кога е време за тоа и не се замарам со тоа прашање. Не е нешто што ни паѓа на памет и не размислуваме за тоа - објасни тој.

Некои следбеници биле заинтересирани и за тоа како функционира нивниот интимен живот, и тој рече дека тие се опишуваат еден со друг како „прекрасни љубовници“.

Тие биле интимни за прв пат на нивната прва брачна ноќ.

- Беше прекрасно, подобро отколку во моите најлуди соништа. Таа е навистина моја сопруга од соништата и физичката страна на нашата врска не може да биде подобра - тврди Гери.

- Не барав помлад човек, но потоа се појави Гери. Веднаш знаев дека тоа е тој - додаде Алмеда.

Нејзината среќа поради таа средба беше спротивна на чувствата што ги имаше поради смртта на нејзиниот син Роберт, кој почина на 45-годишна возраст.


- Бев во брак со мојот прв сопруг Доналд 43 години, но тој почина во 2013 година, откако помина 7 месеци во болница поради компликации предизвикани од дијабетес - вели Алмеда.

Таа додава дека тогаш морала повторно да најде сродна душа.

„Длабоко во себе, барав сродна душа“, се сеќава таа.

На нивниот прв состанок, Гери ја изненадил со црвени рози и нараквица за нејзиниот роденден, што беше неколку дена порано. Тие се бакнале за прв пат на клупата, осветлени од месечината.

„Ме натера повторно да се чувствувам како тинејџерка“, рече таа.

После тоа, тие почнале да се гледаат секој ден, а за нивната врска добиле благослов од пријателите и семејството, како и од мајката на Гери, Теми, која во тоа време имаше 48 години и од неговата баба, која е врсничка на Алмеда.

Две недели по првиот состанок, таа со задоволство се согласила да се омажи за Гери. Тие се венчале шест дена подоцна.

По венчавката, Гери ги истетовирал нивните имиња на градите.

- Алмеда е многу млада по душа и никогаш не размислуваме за возраста. Знам само дека Бог ми одговори на молитвите денот кога влезе во мојот живот - заклучи Гери за „Сан“.


Извор: Телеграф.рс

Кога се вљубиле таа имала 16, а тој 58 години: Како изгледа животот на девојка со 42 години постар маж