Кога се вљубиле таа имала 16, а тој 58 години: Како изгледа животот на девојка со 42 години постар маж
Урсула Гжелак од Полска има 19 години. Пред три години, таа отпатувала во Велика Британија да ги посети роднините и ја запознала љубовта на нејзиниот живот, соработникот за продажба Најџел Торп (61) од Оксфорд, кој во тоа време имал 58 години.
Таа верува дека тие се исто како и секоја друга двојка, и покрај разликата од 42 години.
Нивната приказна започнала на вечера со тетката на Урсула, на која присуствувал и Најџел. Две недели подоцна, партнерот на тетката на Урсула се налутил и тие двете отишле кај Најџел да ги поминат сите денови таму до крајот на одморот на Урсула.
Тие заедно оделе на обиколка на локалните атракции додека тетката на Урсула била на работа. Младата девојка била воодушевена од музичката колекција на Најџел и тие се споиле токму поради нивната страст кон рок-музиката.
„Не требаше долго за две лица кои сакаат иста музика да се поврзат и да се зближат“, објаснила Урсула и додала дека штом видела огромни полици со ЦД-а и плочи во неговата куќа и ги препознала нејзините омилени бендови, решила да го искористи тоа како изговор за долги разговори.
Наскоро сфатила дека се вљубила во Најџел и една вечер решила да му го признае тоа. Таа исто така признала дека станала доста опседната со него.
„Можев да го гледам засекогаш додека тој зборуваше нешто и бесконечно го гледав како прави нешто. Дури и се сеќавам како се прикрадував во неговата соба каде што ја чуваше својата облека само за да ја пробам и да ја помириса. Во тоа време, тој за мене беше апсолутно совршенство, и тоа е денес“, тврди Урсула.
Најџел бил шокиран од откритието ѝ и рекол на Урсула дека му треба време да размисли. Неколку дена подоцна, Најџел ја возел Урсула до аеродромот, ја прегрнал и ја бакнал, а и кажал и на Урсула дека ги има истите чувства кон неа. Кога се вратила во Полска, едвај чекала да им каже на родителите сè за Најџел. Но, тие не биле воодушевени и се обидле да ја одделат од Најџел со тоа што и го одземале телефонот ѝ и забранувале да го користи интернетот.
„Тие не успеаја затоа што јас сè уште бев во контакт со Најџел и нашите чувства стануваа сè посилни“, вели девојчето, додавајќи дека нејзините родители многу и значат затоа што тие секогаш биле таму кога ќе требале и таа била многу тажна што толку важни луѓе во нејзиниот живот не ја одобрувале нејзината врска. Урсула, сепак, длабоко во себе зналае дека, без оглед на сè, нејзините родители ќе ја прифатат нивната врска, и дека им треба само време.
Кога Урсула завршила средно училиште, таа се преселила во Велика Британија да живее со Најџел. Нејзините родители сега го поддржуваат изборот на партнер на нејзината ќерка, бидејќи сфатиле колку е среќна, а Најџел дури и останала во нивната семејна куќа во Полска. Иако нејзините родители ја прифатија врската со Најџел, не може да се каже истото за сите други луѓе кои често им се смеат и чудно ја гледаат двојката кога се заедно во јавност.
Околината ја опишува нивната врска како контроверзна и болна, честопати луѓето гледаат во нив и коментираат. Но, за вакви ситуации, овој пар има решение, а тоа е претежно игнорирање на негативното однесување на другите луѓе и фокусирање еден на друг.
Урсула и Најџел живеат заедно повеќе од една година, но таа планира да се врати во Полска на лето за да студира. Урсула одлучила дека не сака деца затоа што смета дека децата ќе се чувствуваат жигосани додека растат, а Најџел се согласил со неа.
„Не се гледам себеси како мајка во иднина, и двајцата мислиме дека поради неговата возраст, тоа нема да биде добра идеја“, рекла таа. Во иднина, Најџел и Урсула сакаат да се венчаат и едноставно да живеат заедно. Тие сакаат да ја изградат својата куќа и да ја направат место полно со љубов и почит.
На крај, Урсула им кажува на сите оние како нејзе, во врска со големата разлика во возраста да се фокусираат на среќата со својот партнер и никогаш да не мислат дека прават нешто погрешно или морално несоодветно.
„Љубовна врска во која има голема разлика во возраста е иста како и секоја друга врска. Само две заљубени лица излегуваат, поминуваат време заедно, имаат подеми и падови, како и секоја друга двојка", нагласува Урсула и ги советува оние што сакаат да се дружат со многу постари или помлади луѓе, дека само треба да бидат сигурни во своите чувства и ако срцето им каже дека тоа е тоа, нека одат само напред. Таа тврди дека љубовта е посилна од сè и дека нема граници за љубов, пишува Дејли Меил.
Извор: stil.kurir.rs
Фото: Илустрација-Profimedia
Може да ве интересира:
Милена се омажи за 30 години постар хрватски актер: Не е сè во физичкиот изглед, ние сме среќни