Петар Георгиевски Камиказа ќе обедини со песна моторџии, четири грации, Иџе и музичар на чија изведба му се восхитува светот

Добивај вести на Viber

Четири пејачки ќе ја пеат песната ‘Мотори’ од ‘Дивље јагоде‘ на концертот на „Меморија„ кој ќе се одржи на 16 ноември во „ Борис Трајковски. Тие се Ружица Милошевска-Брчиоска од групата „Ареа“ (со нејзиниот сопруг Ивица Брчиоски), Андријана Јаневска, Дани Димитровска и Сара Мејс.

Лидерот на бендот Петар Георгиевски Камиказа најави настан со многу изненадувања.

-Како љубител на мотори, ќе ги поканам и моторџиките кои ги запознав возејќи низ поранешна Југославија.Виртуелен гостин, кој е голема интернационална ѕвезда, ќе се појави на концертот Можам само да ви кажам дека е музичар на чија изведба му се восхитува светот.Kористени се вештачка интелигенција и 3-Д ефекти- изјави Георгиевски.

На прес конференцијата беше претставено видеото од новата балада на „Меморија“, „За тебе“, во изведба на женскиот хор „Фрида“, кој го предводи Сузана Турунџиева. Оваа песна бендот ја напишал како посвета на сопругата на пејачот Апостол Икономов-Поце, Вики, која по долго боледување почина во мај.

Гостин на концертот ќе биде Филип Николовскикој  има 25 години и се движи со помош на инвалидска количка. Тој ќе ја отпее песната За добро нека е“ во придружба на младата тапанарка Теа. На настанот ќе се појави и автомобилистот Игор Стефановски-Иџе.

С.А.Н

Фото: Вангел Тануровски