ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ СО РЕТКА КРВНА ГРУПА ДОБИЈА БУБРЕЗИ: Имаат втора шанса за живот без дијализа
Двајца пациенти со ретка крвна група добија шанса за нов живот благодарение на трансплантација на бубрег од починат донор, изведена вчера на хируршките клиники. Овој животно важен чин беше овозможен од хуманоста и емпатијата на семејството на донорот, кое во тежок момент одлучи да донира органи од свој близок, овозможувајќи овие пациенти да продолжат без потреба од дијализа.
-Во тек на изминатото деноноќие извршивме трансплантација од починат донор. Изразувам посебна благодарност на семеството на донорот, кои во најболен момент на лична загуба, се одлучија да ги донираат органите, покажувајќи силна емпатија и човекољубие кон пациентите кои чекаат трансплантација. Пациентите кои примија органи се со уреден постоперативен тек. Им посакувам брзо закрепнување и долг живот. Изразувам благодарност и на медицинските тимови од сите клиники кои беа вклучени во процесот на трансплантација, изјави проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.
Повеќе за информацијата прочитајте на ФАКТОР.