Роди момче, па почина четири часа по породувањето: Беше сосема здрава, цел живот сонуваше да биде мајка

Добивај вести на Viber

Фошто: Фејсбук

Таа почина само четири часа по раѓањето на нејзиното машко бебе Харли

Емили Локли (26) од Велика Британија цел живот сонувала да стане мајка, а откако тоа се случило починала. Новопечената мајка имала белодробна аневризма која ѝ го оштетила срцето за време на породувањето, а и покрај реанимацијата, немало начин да се спаси.

Таа почина на 6-ти февруари, само четири часа по раѓањето на машкото бебе Харли.

Поради неверојатна трагедија здравото бебе остана без мајка, а сега за него се грижи таткото Тајлер Колинсон (27). Новопечениот татко, заедно со семејството на неговата покојна девојка, изрази неверојатен шок и тага бидејќи Емили „имаше сосема нормална бременост“.

Аневризмите на пулмоналната артерија се ретки, а клиничката слика што ги придружува е неспецифична, поради што доаѓа до ненадејна смрт.

Емили и нејзиниот партнер живееле во нејзината семејна куќа во Стоук-он-Трент, со нејзината мајка Трејси Вутон (46), очувот Марк Вутон (57) и полубратот Киран Вутон (17).

Нејзината мајка вети дека ќе се грижи за „прекрасното момче Харли“ и додаде дека семејството „ќе ја пренесе љубовта што Емили ќе му ја испрати од рајот“.

„И двајцата бевме многу возбудени што станавме родители и Емили ми помогна да верувам толку многу во себе што ќе дадам сѐ од себе како татко. Таа ми беше толку поддршка и подготвена, бев воодушевен. Се чувствував како најсреќниот човек на светот што таа избра живот со мене Таа беше една во милион“, изјави Тајлер.

Емили Локли се породи на 5-ти февруари, на нејзиниот роденден, во Универзитетската болница Ројал Стоук, каде што беше задржана во текот на ноќта.

Одлучено е повторно да се прегледа на 6-ти февруари во 12 часот, бидејќи била многу поспана, по што „вдишила многу длабоко и колабирала“.

Болницата допрва треба да ја утврди точната причина за смртта, но на нејзиното семејство лекарите им рекле дека смртта била предизвикана од „пулмонална аневризма“.

И покрај ужасната ситуација, семејството останува благодарно на Одделот за новороденчиња во болницата Ројал Стоук кој помогна Харли да се извлече на безбедно и му ја пружи вистинската нега.

„Харли навистина е син на Емили. Тој ги има нејзините големи сини очи, го има нејзиниот нос, личи на неа", рекла нејзината мајка.

Извор: Telegraf.rs