Рената Кешкеку: Кога ми рекоа треба да одиш на онкологија, се струполив на земја –дома ме чекаше новороденче
Какао гром од ведро небо, ја доживеала дијагнозата во периодот кога наместо да се радува на десет месечното бебе, морала да чука од врата до врата и да шета низ болничките ходници.
Наместо да го храни со мајчино млеко од полните гради, чекала две недели разултати од хистопатолошкиот наод од примеркот на левата дојка. Рената Кешкеу се надевала дека нема ништо, дека тоа е само грешка.
-Никој во моето семејство немал канцер на дојка, нема шанси да имам таква болест си велев. Но, имав и тоа Трет А стадиум, лошо дефиренциран инвазивен дуктален тип на мамарен карцином. Ми извадија 12лимфни јазли. Од нив 4 имаа метастатички депозит без пробив на капсула Хормонски зависен. Не можев да поверувам додека солзите си капеа сами по себе, исто како некој да истура вода на моето бледо лице . Кога ме испратија на Клиниката за онкологија се струполив на земја, како есенско ливче – вели Рената која
Секогаш кога поминувала покрај клиниката си велела колку и е жал за болните и се молела да не биде онколошки пациент.
-На 28 мај 2022 година течеше во мене таа црвена течност. Од секогаш се плашев од зборот хемотерапија. Ме пречека еден медицински брат кој на сите ни е познат, Даре со широка и гласна насмевка која ме тешеше велејќи ми дека тука не е крајот – открива таа.
По мастерктономијата на левата дојка, примила 8 хемотерапии и 15 зрачења, кои многу тешко ги издржала.
-Падна секое влакненца на моето тело. Со сопругот и малиот Исак имавме исти фризури. Примав и таблетарна терапија Тамоксифен која ми направи нов проблем и морав да правам киретажа .Почнав да примам секој 21ден биолошка терапија или имуно -терапија во нога (Фезго). Пред да ги завршам, почнав со Декапептил во стомак, за да ми го сопре растот на тумор маркерите. Бев принудена ,советувана да се направи абдоминална хистеректомија, да не дојде до несакано проширување на болеста. Се оперирав во мај 2024 година. Резултатите беа добри,бев чиста, му благодарам на Бога – открива Кешкеку.
-Дали се плашев за себе? Да и секоја контрола е нов страв. Дали карактерно сум сменета?Многу.Сега сум гласна,јасна, се дружам со луѓе со позитивен дух. Негативноста и нивната аура ја чувствувам од далеку.Се радувам на секој нов ден и секој ден е дар од Бога! Благодарам на секое ново искушение и нека поминува без последици.Сега сум во ремисија две години. Почнав со таблетарна терапија која треба да се пие можеби 10години - доплнува таа.
Најголема поддршка и бил сопругот, 12 годишната ќерка и свекрвата, која многу и помогнала во најтешките денови.
-Јавно и се заблагодарувам. А во врска со розовиот Октомври кој не е воопшто розов, имам да кажам неколку зборови, односно ќе упатам скромен апел. Тоа е најмалку што може да се направи за нас онлолошките пациенти. Немојте да ја прекинувате туѓата нега,ние сме вечно обележани.Болеста не бира кој е во работен однос, а кој не. За изгубен орган следуваат мизерни 1000денари месечно доколу болниот има стаж.Зошто болните да одат на комисија, зареморганите ни растат преку ден. Со еден клик на комјутер се дознава кој и каква дијагноза има. Поштедете не од метеж на шалтерите, вработете кадар каде што навистина е потребно.Немаме клупи каде да седнеме, онкологија е преполна. Секоја чест на докторите и медицинските сестри кои неуморно ни вршат прегледи во Скопје, а доаѓаме од цела Македонија – вели Рената и дополнува дека многу тешко е и чекањето на резултатите од Клиниката за патологија, кои некогаш траат и по 4 месеци.
-Секогаш да има терапија за сите, никогаш да не доцни,да не не враќаат назад, зашто тоа не чини пари. Дајте превоз за онлолошките пациенти.Секој да има право да стави порт, да ги заштитиме вените.Периките да бидат на сметка на фондот Да бидеме ослободени од партиципација во болниците.
Листата е многу долга, но се надевам дека ќе го слушне некој нашиот глас. Помина само октомври, но за розово ќе почекаме – заклучува Кешкеку.
С.А.Н