Се бореше лавовски, ама не успеа да го победи ракот: Почина Зоки Фаци

Добивај вести на Viber

Утрово новинарската фела остана без познатиот Зоран Василевски или познат како Зоки Фаци.

По долга и исцрпна борба со ракот, Зоки Фаци утринава ја изгуби битката.

Погребот на Зоки Фаци ќе биде во недела во 12:00ч во црквата Св.Никола во Катланово, а во 13:00ч ќе биде погребан на гробиштата во Катланово.

Веста на социјалните мрежи ја сподели неговиот пријател Стефан Лазаров.

„За жал ова утро во 6:40 почина Зоран Василевски. По долга борба со ракот тој не успеа. Македонија изгуби новинар, другар, човек кој знаеше да помага на сите.

Сочувство до фамилијата и блиските. Погребот ќе биде утре, а каде и кога ќе ве известам.

Те сакам пријателе, секогаш ќе се сеќавам на тебе и на твојата насмевка. Многу ќе ми фалиш“ - напиша Стефан на социјалните мрежи.


Зоки ќе го памтиме како автор и водител на најгледани естрадни и забавни емисии, но и како човек кој помагаше каде што можеше.

Со него се простува целата јавност.