102-годишна баба сè уште работи 3 дена во неделата, а тврди дека една работа е одговорна за нејзината среќа на работа: Нека биде ваш мотив

Добивај вести на Viber

Дебора Секели има 102 години и работи три дена во неделата во фитнес-центарот и спа центар што ги основала со нејзиниот сопруг Едвард во 1940 година. Одморалиштето се нарекува Ранчо ла Пуерта и се смета за едно од првите велнес одморалишта во Северна Америка.

- Немавме доволно пари, а потоа се случи војната. Мојот сопруг требаше да оди во Англија, каде што отидовме кога се венчавме. Меѓутоа, кога му истекла визата, му било кажано дека мора да ја напушти земјата или ќе биде вратен во неговата земја. Неговото еврејско потекло можело да значи и смртна казна – пишува на веб-страницата на ова одморалиште.

Нивната одлука каде и што да прават понатаму падна на Мексико. Едвард, кој бил професор и здравствен истражувач, се обидел да најде работа, но не успеал. Тие се населиле во близина на границата со Сан Диего, изнајмиле просторија за складирање и почнале да ја градат основата за сегашниот Ранчо ла Пуерта. Тие сакаа фокусот да биде на здравјето и фитнесот, преку вегетаријански оброци и часови за вежбање.

– Имавме гости поради него, тој имаше посебна харизма но и репутација и сите беа заинтересирани да ги слушаат неговите предавања, кои се одржуваа под огромен даб – рекла Девора, пренесува „CNBC“.

Со текот на времето, тие го надградија својот простор, па мораа да ангажираат главен готвач, генерален директор како и некој што ќе ги води активностите. Тие воведоа и свежо одгледувана храна за нивните оброци, а градинарството стана една од нивните главни активности.

Денес, одморалиштето го води ќерката на Дебора, Сара Ливија Брајтвуд, која е и претседателка на одморалиштето, но Дебора се уште е многу вклучена во се што се случува, толку многу што три дена во неделата им помага на работниците.

- Секој вторник се среќавам со моите вработени и точно знам за што зборуваат моите гости. Во среда и четврток се запознавам со секој поединец и присуствувам на ротациони состаноци за да бидам во тек со се што се случува - изјави оваа многу мотивирана баба.

Голем број гости и вработени и нејзините најблиски пријатели се собраа да го прослават нејзиниот 102 роденден.

- Моето главно мото е да учам. Секој ден е нова можност – изјавила Дебора.