Девојка од Турција кивала без престан еден месец, лекарите не можеле да постават дијагноза: Еве што било утврдено по серија тестови
Беназир Ајдин, 24-годишна мајка на две деца од Турција, во последните 35 дена страдала од континуирани напади на кивање, што значително и го отежнува секојдневието и не може да функционира нормално.
И покрај обидите на лекарите во Анкара и другите градови да го запрат кивањето, нејзината состојба не се подобрувала.
Поради сериозноста на нејзината состојба, лекарите бараат помош од специјалисти низ земјава за да најдат соодветен третман.
Се започнало на 18 септември кога почнала да кива без причина. Кивањето не престанало, деновите минувале, а младата жена била исцрпена и физички и психички.
Набрзо кивањето и оневозможило да води нормален живот. Таа повеќе не можела да јаде ниту да пие вода. Нејзиниот здравствен проблем брзо ескалирал, поради што итно била пренесена во Наставно-истражувачката болница во Батман. Таму лекарите се обиделе да и дадат основна помош, но и покрај третманите, состојбата не и се подобрила.
Со оглед на сериозноста на ситуацијата, Беназир на 2 октомври била префрлена во Градскиот болнички центар во Анкара, каде што започнала интензивна истрага за причините за нејзините симптоми. Нејзиното лекување барало мултидисциплинарен пристап, па била прегледана од експерти од неврологија, психијатрија, оториноларингологија, имунологија, алергологија и интерна медицина. По серија тестови, било утврдено дека нејзиниот тригеминален нерв развил рефлекс на кивање - состојба која е многу ретка.
За време на нејзиниот 20-дневен престој во болница, Беназир беше подложена на четири третмани со нервни блокови со цел да се запре рефлексот на кивање. Благодарение на овие инјекции, нападите на кивање постепено се намалувале, а Беназир конечно можела да почувствува олеснување.
Фото: ПринтскринИзвор: Odbrana.info/ 24sedam.rs/