Денес се слави Св. Прохор Пчински: Светецот чии мошти имаат исцелителна моќ

Добивај вести на Viber

Бидејќи се молеше за тоа, Бог му го покажа местото на неговиот подвиг. Тоа место беше на брегот на реката Пчиња. Свети Прохор се подвизуваше таму до старост и до својата смрт. Само Едниот Бог знае за сите негови подвизи и искушенија што ги претрпе во текот на овој живот. Но според неговите мироточиви мошти и безбројните чудесни исцеленија, коишто и до ден денес не престанаа, може да се суди за големината на Божествената благодат што му ја подари Бог за неговите големи страдања. Свети Прохор се упокои и се пресели во Царството Небесно во 9 век.

Светиот Прохор го послушал гласот Господов и доаѓајќи на Козјак пронашол мала пештера и во неа се населил. Тука живеел уште триесет години, подвизувајќи се со пост и молитва и угодувајќи на Бога со исполнување на Неговите свети заповеди. Со таквиот богоугоден живот тој стекнал дар на прозорливост и чудотворство. И тогаш, веќе во длабока старост, му се јавил на сон на царот Диоген. Царот, патувајќи, го нашол местото на подвижништво на Божјиот угодник и тука, во Нагоричани, му подигнал храм. Но, царот многу тагувал бидејќи не знаел каде почиваат неговите мошти. Затоа усрдно со молел на светиот Прохор да му ги открие неговите мошти. И светиот Прохор му се јавил во сон и му рекол неговите мошти да ги бара во Козјачката пустина. Тогаш царот испратил многу војници да ги бараат моштите од светителот. Тие ги барале многу денови, но нивниот труд бил залуден. А еден старец, стоејќи на врвот од планината Козјак, откаде можел да се види целиот Козјак и во ширина и во должина, здогледал еден бел орел како лета над пештерата над која се наоѓале моќтите на светиот Прохор. Таму се упатиле сите, заедно со царот, и во пештерата ги пронашле нераспадливи моштиле на светителот. Царот и сите што биле со него паднале ничкум пред моштите на светителот па со големо стравопочитување и побожност, со пеење на црковни песни, ги зеле, ја преминале реката Пчиња и дошле во ногоподигнатиот Нагоричански храм. Кога утредента дошле во храмот, во него не ги нашле светите мошти, кои, пак, сами се вратиле во својата пештера. Но, тие повторно ги донеле, а моштите пак сами се врателе. Тоа се случиле трипати. Тогаш царот одлучил светителот да го понесе со себе во Цариград, па го товариле телото на една маска. Но, маската не сакала да се помрдне од местото. Царот во тоа ја видел желбата на светиот отец Прохор и тој наредил, да се подигне нова црква на реката Пчиња и во неа нераспадливо до денес почиваат светите и чудотворни мошти, од кои тече свето и исцелително миро.

Извор: denovi.mk и Википедија