Таа има 61, а тој 24 години: Сексот е фантастичен, таа знае што прави
Тој е најсочувствителниот и најемотивниот човек со кој сум билa. Тоа покажува колку се грижи за мене. Хемијата меѓу нас е одлична. Никогаш не мислев дека ние двајца ќе бидеме заедно, вели таа
Шерил Мекгрегор (61) од САД, има седум деца и 17 внуци, и свршеник 37 години помлад од неа.
Куран Мекејн (24) имал само 15 години кога се запознале во ресторан за брза храна, тој работел таму, а таа ја посетила Сима која била менаџерка на ресторанот. Тие тврдат дека тогаш немало романтични чувства меѓу нив.
Погледнете ги во видеото:
@ttvleolove_3 Had to repost #TeamofTomorrow #JetPuffedSmourth #unbanoliver6060 #verifyoliver6060
♬ original sound - @sosaonset
Тој на крајот дал отказ а тие го загубија контактот до почетокот на ноември минатата година, кога влезе во продавница каде работеше како касиерка.
- Иако секогаш беше толку среќна порано, тагуваше тој ден. Ја прашав што се случува, и таа плачеше. Беше вознемирена што објавила на својот профил на „Тикток“ како танцува и поради тоа доби многу негативни коментари - се сеќава Куран.
Ја тешел, па дури и неколку дена подоцна снимиле заедничко видео во кое танцуваат и собраа околу 1,3 милиони лајкови. Полека се зближиле и се заљубиле.
- Се поврзавме на духовно ниво. Имаме одредена вибрација која не поврзува - додаде тој.
- Тој е најсочувствителниот и најемотивниот човек со кој сум била. Тоа покажува колку се грижи за мене. Хемијата меѓу нас е одлична. Никогаш не мислев дека двајцата ќе бидеме заедно, но ова што се случува меѓу нас е неверојатно - рече таа среќно и забележа дека, и покрај големата разлика во годините, тие имаат фантастичен сексуален живот.
- Таа знае што прави, и тоа е најдобриот дел. Секој пат ни е се поубаво - додаде Куран.
Нивната идила може да се наруши со повремени засрамувачки коментари и потсмев на нивна сметка, но тоа, велат тие, не им пречи премногу затоа што тие уживаат еден со друг премногу за да се замараат со она што другите луѓе го велат. Она што најмногу ги боли е тоа што нивните семејства не ја одобруваат нивната врска.Извор:дејлимеил.
Фото: Тикток.Профимедиа