Овие близначки се внуки на принцезата Дајана – го маѓепсаа светот со ангелските лица: Амелија и Елиза се одраз на несекојдневна убавина

Добивај вести на Viber

Во Лондон се одржа гламурозна забава по повод завршувањето на лондонската модна недела на која се собра кремот на британското општество, но гости кои навистина кренаа прашина беа прекрасните сестри Спенсер, внуките на принцезата Дајана.

Кити Спенсер, изгледаше многу луксузно и елегантно во тигрест фустан од Долче и Габана и кожна јакна, но нејзината слава ја украдоа нејзините помали сестри, близначките Амелија и Елиза.

Убавите русокоси, за разлика од Лејди Кити, која минатата година се омажи за 32-годишниот мултимилионер Мајкл Луис, не се појавуваа често во јавноста, но во последните месеци беа многу активни на европската елитна сцена.

View this post on Instagram

A post shared by Royal-ish (@_althorp)


И двете носеа фустани од Мајкл Корс, Елиза избра креација во темно сива боја, изработена од светкава ткаенина со провокативни шлицови во пределот на половината, додека Амелија блескаше во сличен фустан, но во црна боја.

На почетокот на оваа година, овие 29-годишни дами списанието „Татлер“ ги вброи во најзгодните и најубави аристократки на светот, а се наведува дека се движат во исти кругови како членовите на кралски семејства и влијателни ѕвезди.

Амелија за истиот магазин изјави дека има нераскинлива врска со близначката Елиза, дека отсекогаш биле многу блиски и многу слични. „Сакаме да ги правиме истите работи и да делиме исти пријатели. Да се ​​има близнак значи дека гарантирано секогаш ќе имате најдобар пријател и тоа не можете да го споредите со ништо друго“,изјави таа.

View this post on Instagram

A post shared by Metro Society (@metrosocietyph)



View this post on Instagram

A post shared by HELLO! Canada Magazine (@hellocanadamag)


Тие пред неколку дена го украдоа шоуто на Модната недела во Њујорк, а медиумите се огласија за овие дами, пред се‘ поради нивната експресивна убавина и вродената елеганција. Амелија блескаше во бел костим, а Елиза во краток, секси фустан.

„Девојките се навистина елегантни“, „Тие се убави“, „Зошто дури сега дознаваме за нив“, „Тие се вистински ангели“, „Семејството Спенсер очигледно има добри гени“, „Ова јас го нарекувам совршена убавина“ , се само дел од коментарите на нивната сметка.


Фото: Инстаграм

Фото насловна: Youtube-Only Natural Diamonds/Timeline - World History Documentaries