Овие модни моменти на Цеца во „Ѕвездите на Гранд“ беа највпечатливи: Ако не можете да ги имате, нека ви бидат инспирација (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Цената на фустанот на Цеца за финалната вечер во „Ѕвездите на Гранд“ ги шокираше сите.

Сите едвај дочекаа да го видат стајлингот на Цеца Ражнатовиќ за време на финалето на „Ѕвездите на Гранд“ кое се одржа во саботата на 25 јуни, па пејачката ги исполни очекувањата појавувајќи се во атрактивно издание.

И Саша Поповиќ ја пофали кога излезе на сцената да ги поздрави натпреварувачите, а сега е откриено колку чини нејзиниот фустан.


Нејзиниот гламурозен фустан со шлиц до колковите е од српски дизајнер, а фустанот чини дури 1.800 евра, пренесува Нова.рс.

Да потсетиме, Ражнатовиќ уште од првото појавување во „Ѕвездите на Гранд“ се појавуваше во најразлични модни изданија кои секогаш беа забележани од модните критичари.

Погледнете ги највпечатливите изданија на Цеца во оваа шоу во галеријата кои можат да ви послужат како инспирација за свеченостите кои ве очекуваат:








фото:Instagram

Храбар стајлинг: Скопјанката Андријана на „Ѕвездите на Гранд“ настапи излепена само со самолеплива трака и ангелски крилја