Овие три дами имаат ист број на години, но не и ист поглед на природен процес на стареење

Додека некои поддржуваат естетски корекции и интервенции, други сакаат природно да стареат

Познатите дами често, најмногу поради природата на нивната работа, сакаат да ја „зачуваат младоста“, и посегнуваат по разни третмани за да ја „кријат“ возраста. Сепак, има и такви кои ја сакаат секоја брчка, секоја седа коса и сакаат природно да стареат.

Во последните неколку дена тема број еден во сите домашни и меѓународни медиуми е поп иконата Мадона која со својот изглед ги шокираше сите.

Имено, како што многумина тврдат, пејачката со естетски корекции го направила својот изглед непрепознатлив. Мадона немаше ниту една брчка на лицето, а многумина во коментарите на социјалните мрежи напишаа дека „овој пат навистина претерала“.

Инаку, Мадона има 64 години, а некои истакнуваат дека е сосема во ред што сака да изгледа младо, но други истакнуваат дека има познати жени на нејзина возраст кои без корекции изгледаат помлади од пејачката.

Меѓу познатите дами кои зачекоруваат во седмата деценија, се издвојуваат врсниците на Мадона - Шерон Стоун и Енди Мекдауел.

Актерката Енди Мекдауел, која престана да ја бојадисува својата природно сива коса пред речиси две години, вели дека доживеала просветлување за време на пандемијата.

- Сакав да го направам тоа пред неколку години, а потоа се случи Ковид и видов дека ми се појави израсток. Мислев дека ми изгледа добро – изјавила актерката за „Тезоерепорт“.

Вели дека почнала да се бојадисува во четириесеттите, откако забележала дека новинар за време на интервју зјапа во нејзината седа коса. Сега, 24 години подоцна, на убавината гледа поинаку.

- Мислам дека на жените им е доста од идејата дека не можат да бидат и стари и убави. Мажите стареат, а ние продолжуваме да ги сакаме. И јас сакам да бидам како маж. Сакам да бидам убава и не сакам да се уништам за да го остварам тоа. Мажите можат да бидат побелени и тоа го сметаме за божествено. Ни ја продадоа идејата дека се подобри од нас – вели таа.

Кога станува збор за нејзината колешка Шерон Стоун, која исто така има 64 години, таа и понатаму изгледа одлично, има природна убавина, зрачи со позитивна енергија и самодоверба. Покрај талентот, Шерон е позната и како мотивација за многу жени.

Шерон признала дека имала ботокс неколку пати, но набрзо сфатила дека тоа е грешка.

-Нема да кријам дека неколку пати нанесував ботокс, но денес мислам дека тоа беше голема грешка. Поради него сите жени изгледаат слично. Сакам да бидам онаква како што Бог ме создал, со сите мои маани и доблести. Секоја жена треба да стигне до таа фаза во која може гордо да каже: „Горда сум на тоа што сум“ – изјавила актерката, според „Пипл“.

Како што Шерон постојано истакнуваше, таа моментално се чувствува посигурна од кога било и „сака да биде жената која изгледала најдобро на нејзина возраст“.