Овие жени се царици и во шестата деценија им нема рамни: Беа синоним за совршени манекенки, а тоа се и денес - на 51 и 53 години

Добивај вести на Viber

Дека првата гарнитура на супермодели што некогаш се родила и остана неприкосновена, најдобро покажа ревијата на Балмејн на модната недела во Париз. Со оваа колекција за пролет / лето 2022 година, Оливие Рустен прослави 10 години како водечки дизајнер на овој француски бренд, а во име на јубилејот, одлучи да подготви специјално уживање за публиката.


Имено, на пистата прошетаа некои модели кои веќе одамна и официјално ја завршија кариерата, но сепак се синоним за најдобрите во овој бизнис. Така старата гарда - Наоми Кемпбел и Карла Бруни - се најдоа рамо до рамо со младите надежи.

Како посебно уживање, Рустен ја донесе и пејачката Доџ Кат, чиј настап ги анимираше гостите пред почетокот на шоуто, а треба да се спомене дека на пистата се појавија и актерката Мила Јововиќ и познатата манекенка Наталија Водијанова.


Но, да се вратиме на Наоми и Карла, кои дефинитивно беа sвезди на вечерта, докажувајќи дека нивната возраст не им може ништо и дека дури и во шестата деценија, можат да им парираат на 30 години помлади колешки!



Наоми (51) го покажа своето извајано тело во, долг, кафеав фустан со дупки, а оваа дама уште еднаш ни докажа дека била и останува дефиниција за супермодел. Нејзината волшебна прошетка полна со самодоверба не може да се заборави, а речиси и да нема парче облека што не и прилега совршено!

Педесетгодишната Карла, пак, носеше малку помека и поделикатна креација-краток бел фустан со нагласени рамена со циркони и бисери што ги нагласуваа нејзините извајани нозе.

View this post on Instagram

A post shared by Local Magazine (@localmagbr)



Двете дами се жив доказ дека возраста е само бројка во личната карта и дека сексапилот, харизмата и самодовербата не можат да се заменат со ништо! Какви кралици!

Извор: zena.blic.rs

Фото/Видео: Инстаграм