Овој модел на фармерки визуелно намалува килограми: Интересен и сосема нов крој

Добивај вести на Viber

Ќе се вљубите во најголемиот тренд сезонава

Секогаш е добро да пробате нов, интересен крој на фармерки - затоа што е многу можно во тој процес да најдете парче што ќе го носите речиси секој ден. Ако ви здосадија класичните фармерки, пробајте фармерки со необичен детаљ кој визуелно ја намалува фигурата.

Фармерките со асиметрично закопчување го освоија Инстаграм.

Crisscross џинс, односно фармерки со преместена тока на едната страна, е еден од најголемите трендови во моментов. Овие панталони владеат со профилите на најпопуларните ѕвезди на Инстаграм.

Необичниот моден тренд срамежливо се појави пред неколку месеци, а сега освои бројни трендсетерки кои со задоволство го вклучуваат во своите имагинативни комбинации.

Бидејќи кројот создава илузија за послаби нозе и половина, не е ни чудо што познатите вљубеници во модата веднаш го зграпчиле од полиците на продавниците. Тие ѝ ласкаат на секоја фигура и прават да изгледате послаби.


Широките ногавици ја истакнуваат фигурата, а бидејќи одлично се вклопуваат со тренди парчиња како кратки наметки и топови, не е ни чудо што овој модел е меѓу најпосакуваните за оваа есен.


За разлика од skinny моделите кои се носеа во комбинација со предимензионирани топови или џемпери, новите модели на фармерки се фокусираат на струкот и средниот дел од телото.



Фото: Инстаграм/Shutterstock

7 есенски комбинации со долго здолниште: Стилови кои секоја жена може да ги носи