Овој знак е најдобар пријател
Водолија
Секогаш се подготвени да помогнат. Тие се отворени, сакаат забава и дружење. Нивната интелегенција ги надминува границите, но често немаат волја да ја искористат, затоа што помалку се мрзеливи. Не сакаат ограничувања и подготвени се да кажат – јас имам сопствен живот, немој да се мешаш.
Тие не трпат здодевност, неможат да се скрасат на едно место, а нивната љубопитност и интелегенција никогаш не им даваат мир. Водолиите се големи мислители и филозофи, па со оглед на тоа дека сакаат да го имаат главниот збор, но и да го слушнат туѓото мислење.
Водолиите немаат предрасуди кон другите, а често знаат да се издигнат над ситуацијата и малку обрнуваат внимание на неважните работи. Често знаат да се исклучат, како да не се присутни кога им се обраќате. Тоа е затоа што сакаат да фантазираат, но понекогаш ги мрзи да ги реализираат своите планови.
Тие се добри актери, па често глумат во животните ситуации, поради што воопшто не им е тешко понекогаш да излажат за да се извлечат од непријатни ситуации.