Паланка

Добивај вести на Viber

До кога и од колку страни е потребно да слушнете дека за да ја видиш промената која ја посакуваш за светот мора да започнеш од себе?

Ме одушевува податокот колку магично се вртиме во круг последниве десет години заглавени во лични јадови, низок интелект и недостаток на основно образование. И не, не е оправдување дека светот пропаѓа, побогу луѓе светот и те како сам по себе си се развива. И не ова не е фил на Спилберг каде сите ќе завршиме на буниште со роботски глави намонтирани од системски владетели, од една проста и единствена причина НЕМА ДА ТИ ДОЗВОЛАМ. Тоа што покорно со наведната глава седиме на фб и инста и чекаме да не снема не не прави луѓе, тоа што дремеме по квази медиумски платени портали и пролистуваме квази информации за сите светски и локални случувања исто така не не прави луѓе. А уште помалку сме дел од човечкиот род со билдање и онанување на групи по социјалниве медиуми каде секој еден некој е доктор специјалист, адвокат, бајачка, психолог или само воајер. Навреди, скриншотови, закани, злоба, завист… Епа не ни се политичарите криви извинете вака, од нас почнува се и со нас завршува се.

Коронава го вади максимумот од човечката неслога, ќе започнам и јас да верувам во онаа старата Раздели па владеј, не е хумано што се тежи по социјалниве медиуми и како човек против човека и здаден на најјако со сите можни психолошки оружја смислени и несмислени од современава субкултура.

Кога сме кај филмовите, знаете како во секој филм или анимација секогаш има еден карактер кој е неразбран од околината во која живее, оди против сите и на крај им докажува дека херој се станува само кога не се плашиш, кога веруваш во луѓето и кога наместо да зборуваш, ДЕЛУВАШ? Епа ајде замислете сите ние да сме тој позитивец, тој супер херој кој е подготвен да се жртвува себе си за да се спасат другите. Во тој случај нема да е потребна жртва, сите ќе се спасиме себе си и за секого ќе има се. Наречете ме идеалист, оптимист, како сакате категоризирајте ме и сврстете ме, тоа ќе го оставам на ситните души да ме сврстуваат по нивно во категории измислени од уште помали од нив, но јас верувам во утопија, верувам во свет кој ќе биде доволен за сите. Никој од нас не работи на себе, бајачка нема да ти го реши проблемот зошто не си мажена, една спиритуална книга нема да те направи јогин, ниту пак иконите во црква ќе те избават од лошата карма која со години си ја закачуваш на врат без да си свесна колку сама себе се повредуваш.

Животот започнува со тебе. Животот продолжува после тебе, не се јачај дека ќе заврши, верувај ми се е циркуларно, енергијата врти и превзема форми откако постоиме на проклетиов свет. Затоа пиле мое кога побогу ќе започнеш да превземаш чекори за твојата конечна позитивна промена? Уште колку пати треба да прочиташ дека со диети слабееш моментално, килограмите пак се враќаат, дека се е до исхраната, вежбањето и се е ИНДИВИДУАЛНО. Уште колку време треба да изгубиш на мањачење на туѓи профили на животи кои очајно посакуваш да се твои а потајно им посакуваш да цркнат. Колку свест ти е потребна за да скапираш дека не постои засекогаш, дека сега и овде е важно, мирисот, вкусот, партнерот кој во моментот е покрај тебе и со кој двајцата се трудите да создадете еден свет за себе, детулето кое со очи гладни за љубов те гледа како цел еден свет, бидејќи тоа и си за него, неговиот универзум и нема да го решиш ако му го тупнеш телефонот во рака. Кога ќе сфатиш дека тик ток видеата се социјален дебилитет и дека со тоа што ги гледаш демек онака не си ти зависен од нив, стануваш и ти дел од таа гротеска. Најжално е што мислам дека мојата публика не е дел од оние за кои ова е наменето и не сум сигурна дека ќе ги допре, поразителен е податокот што во последниве три години фрустрациите се пуштени на најјако па секоја една некоја со напучени усти и бич плиз етика си дава на значај ко кујзнае што направила во животот. Ок е девојки, не успеавте, само ве голтна системот. Веќе сте чипирани, само што чипот е магичен, не се гледа и не им требаше игла за да ви го имплементираат, сами го голтнавте.

Јас сум жена што одбива да старее, па попатно тоа го имав помешано и во еден момент немав каацитет да направам разлика што е созревање а што стареење. И јас се повлеков, примив, навлеков на таа скуад естетика со однесување недолично нит за карактер нит за години. Околината те проголтува, тоа е целта, да станеш како сите. Ама свеста, воспитувањето, образованието, љубопитноста, љубовта те вадат од таа бара на трула етика, и ти даваат шанса да се искупиш за сите твои грешки. Нормално е да грешиме ало, во секој од нас има и Јуда и Исус, со простувањето и разговорот се одвојува човекот од луѓето. Се уште одбивам да стареам, нема да ја дадам душата на системот, но работам активно на тоа да созреам и да не дозволам повторно да ме проголта тоа што ме опкружува. На крајот на денот не е важно каде си, важно е кој е покрај тебе. Затоа прекрасници мои, отфрлете ги отровите што ве трујат, истопете ги теговите што ве влечат надолу и искористете ја оваа навидум мртва година за да започнете да го менувате се она кај себе што до сега го одложувавте. Верувајте ми годинава и те како ќе остави последици на секој еден од нас ако не се освестиме, полека но сигурно ни ја земаат слободата. А јас не знам како се живее без слобода.

Фрлете проклетите телефони аман, животот ни проаѓа додека губиме време на безвредни мали паланечки намештаљки.

Намасте.