Палома е плус сајз манекенка и прошета на сцена во тесен Версаче фустан: Ние имаме да кажеме само-Браво девојко

Добивај вести на Viber

На неодамна завршената модна недела во Милано, манекенка со плус сајз големина прошета по пистата на ревијата на култниот бренд Версаче.

И иако оваа вест звучи револуционерно и охрабрувачки, реалноста сепак е нешто поинаква ...

Да, Версаче направи чекор напред, имајќи предвид дека убавата Палома Елсесер навистина не се вклопува во строгите, дури и безмилосни критериуми на модната индустрија, но секогаш има кој да критикува.

Фото: Инстаграм

Палома, манекенка со плус сајз големина, носеше фустан со средна должина, долги ракави со деколте во класичен принт на Версаче.

Имено, една корисничка на Твитер ја сподели фотографијата на Палома со опис:

„Ова е во ред за мене, бидејќи не сме сите анорексични. Добро, јас не би го носела ова дури и кога би можела да го купам, само благодарам што нема повеќе од оние модели од 14 килограми“.

Актерката Елизабет Харли го носеше истиот фустан, само што не доби коментари од типот: „Дури и да можам да го облечам ова, никогаш нема да го купам“, но сите ја пофалија и нејзината фигура и фустанот.

Фото: profimedia

Вкусовите се различни, и додека на некои им се допаѓа овој фустан, на други не им се допаѓа, но дали е во прашање фустанот или личноста што го носи?

Ќе го изоставиме прашањето кому му стои подобро, бидејќи тоа не е важно во оваа приказна. Важно е Версаче да има фустани за секого.


Извор: zena.blic.rs