Памела Андерсон ги „запали“ мрежите со новиот изглед, сите гледаат само во едно: Некогаш божица, а денес се доведе до овде?! (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Памела Андерсон (56) продолжува да се појавува во нејзин манир - без грам шминка

Почна да се залага за природен изглед, не се шминка ниту за гламурозни настани, а сега учествуваше во кампањата за колекцијата пролет 2024 на брендот „Proenza Schouler“. Дека таа е вистинската ѕвезда на модната кампања покажуваат и грст коментари на обожавателите кои овие фотографии ги нарекоа „најдобрата кампања досега“.

На фотографиите кои ги објави брендот, Памела се појавува во различни комбинации. Иако можеби е стилизирана за снимањето, таа одлучи да го задржи автентичниот изглед - сепак избегнува да биде гламурозна, откривајќи целосно природно лице без да се воздржува. Овие фотографии привлекоа големо внимание во јавноста.

„Честитки и за оваа одлука“, „Во 2024 година повеќе познати дами да се залагаат за лице без шминка“, „Ова е најдобрата кампања досега“, „Памела, ти си најдобра ваква“, „Една и единствена, таму секогаш ќе биде се*с бомба“, напишаа многумина...



Да потсетиме дека Памела за прв пат се појави во ова издание на модната недела во Париз. Првиот коментар што кружеше тогаш беше: „Порано беше бомба, денес е непрепознатлива“. Меѓутоа, кога Памела откри што се крие зад изданието без шминка на црвениот тепих, сѐ се смени. „Тоа е слобода, тоа е олеснување. Кога доаѓав на модната недела во Париз, не ни помислував дека ќе дојдам без шминка. Само ја имав идејата додека ја пробував целата таа убава облека и тогаш помислив: „Не сакам да се натпреварувам со оваа облека. Немам намера да бидам најубавата жена во собата“, рече Памела.

View this post on Instagram

A post shared by Proenza Schouler (@proenzaschouler)


Таа изјавила дека тој ден ја оставила косата да се исуши природно и ставила само хидратантна крема на лицето. Сепак, нејзината одлука да оди природно уследи по смртта на нејзиниот шминкер Алексис Вогел, кој почина во 2019 година од рак на дојка. Дали ви се допаѓаат овие фотографии?


FOTO: Instagram printscreen