Боите можат да го променат пулсот, крвниот притисок и шемата на дишење: Што облекоа жените на политичарите и првата претседателка на државата за гласањето?

Добивај вести на Viber

Изборите во нашата земја се актуелни веќе некое време, а со вчерашниот датум и официјално завршија. Вчера беше денот за двојните избори на кои се бираше претседател и нова Влада.

Нашата земја за прв пат во историјата доби жена претседателка- Проф. Д-р. Гордана Силјановска Давкова.

Во фокусот покрај политичарите, беа и нивните понежни половини кои рака под рака со своите сопрузи го искористија своето право на глас.

Давкова на гласање се појави облечена во бебешко или нежно сина боја. Костим составен од сако и панталони, искомбиниран со кошула во иста боја, а како детал на неа носеше марама, во сини и кафени нијанси.

Небесно сината боја симболизира одговорност, па оваа боја за облека ја бираат обично луѓето кои се лидери на висока позиција. Таа е бојата на мир, спокој, постојаност, доверба, искреност, вера и стабилност.

Сега веќе поранешната прва дама Елизабета Ѓоргиевска за вториот круг на изборите се одлучи за црвената боја. Фустан со едноставен крој, со долги ракави и должина над колената. Минималистичкиот изглед, кој воедно дава впечаток на елеганција го надополнила со ремен и чанта во иста боја.

Психолозите црвената боја ја оценуваат како боја на страста, агресијата и силата.

Сопругата на поранешниот премиер Димитар Ковачевски, Елена како и Елизабета одбрала фустан во црвена боја. Кројот на фустанот со црвена основа и дезен со бела боја е со миди должина, без ракави и ремен со иста боја на фустанот. Со овој избор на фустан Елена одбрала чанта во беж боја.

Сопругата на идниот премиер на државата Кристијан Мицкоски, Рози се одлучила за фустан со должна до над колена на преклоп со темно- зелена основа и бели точки. Изборот на чантата е плик во беж боја.

Психологијата на боите истакнува дека секоја нијанса има свое значење, а докажано е дека боите можат да влијаат на нашето расположение и на начинот на кој другите луѓе нè доживуваат на прв поглед.

Истражувањето спроведено во 1974 година од Кит Џејкобс и Френк Хастмаер докажува дека боите можат да го променат пулсот, крвниот притисок и шемата на дишење.

Ви претставуваме психолошки водич кој открива каква порака испраќа бојата на вашата облека:

Сина – лојалност, стабилност, смиреност
Црвенa – страст, агресија, силa
Жолта – радост, оптимизам, младост
Зеленa – здравје, успех, надеж
Црна – моќ, мистерија, професионализам
Виолетова – престиж, духовност, луксуз
Кафена – стабилност, природност, хуманост
Бела – чистота, невиност, нежност
Портокалова – енергија, забава, грижа
Сива – неутрално, практично, тивко

Македонија за прв пат се наоѓа во ситуација во која ќе треба да примени термин со кој ќе го претстави сопругот на претседателката. Ако досега бевме навикнати сопругите на претседателите да ги нарекуваме „први дами“, сега во овој случај станува збор за господин.

За новата терминологија која ни е помалку позната објаснува „Лекторката“ на Инстаграм.

„Како ќе се вика сопругот на претседателката на македонски јазик? – Ова прашање ми се вртеше во главата подолго време откако се покажа дека (најверојатно) ќе имаме првпат претседателка на Македонија.

Сопругата на претседателот се именува како ’првата дама‘ и тоа е официјална функција, односно работно место, но досега во историјата на Македонија немало дама на врвот, па ова би била титула чие име досега не било употребено.

Најблиску до нас, од поранешните југословенски држави коишто зборуваат слично како нас, претседателка имала Хрватска, односно тоа беше Колинда. Забележав дека нејзиниот сопруг таму го именувале со ’првиот господин‘, па мислам дека тоа би било добро решение“, пишува Лекторката.

Г.Д.Г