Панталоните со овој принт се „must have“ парче за оваа есен: Удобни се, стојат топ, а ги издолжуваат и нозете
Овој модел на панталони се задолжителни оваа есен, супер се удобни и визуелно ги издолжуваат нозете
Иако според календарот се‘ уште не пристигнала есента, кога е модата во прашање, таа одамна пристигнала. Пишувавме занеколку есенските трендови, но без овој, кој моментално е најакутен, жените кои ја следат модата нема да можат да го замислат совршениот есенски стајлинг. Тоа се лесни, ленени панталони со принт.
Колку и да ги сакате фармерките, овој цврст материјал понекогаш не е толку удобен за носење. Од друга страна, постојат панталони со широк крој кои се многу полесни и поудобни за носење, а исто толку лесни за стилизирање. Со прави или широки ногавици, и едноставни бои - изборот е навистина голем. Меѓутоа, доколку сакате да бидете целосно во тренд оваа есен и да ја подигнете границата на секојдневната елеганција на повисоко ниво, тогаш изберете панталони со пруги.
Тие се веќе популарни на социјалните мрежи, а ги носат и познати манекенки и актерки. Една од нив е и модната инфлуенсерка Тамара Калиниќ која ги обожава.
Панталоните кои се подолги, освен што се многу удобни, визуелно ги издолжуваат нозете поради пругите.
Фото: Инстаграм