Патувањето на девојчето Дестини од Камерун на лекување 4500 км од дома

Операцијата на мозокот е процес полн со предизвици, и бара висок степен
на вештина, прецизност и искуство. Тоа претставува уште поголем предизвик кај
педијатриските пациенти, каде што сè е многу поделикатно и бесценето.
Здравствената групација „Аџибадем“ е седиште на еден од светски познатите оддели за детска неврохирургија, кој се карактеризира со долгогодишно искуство, префинети вештини и напредни третмани кои нудат надеж за децата и семејствата ширум светот.
Кога на детето ќе му биде дијагностициран рак, сè се менува: чувствата на детето, семејните приоритети, текот на времето и плановите за иднина. Сите карциноми во детството се застрашувачки за родителите, но туморите на мозокот можеби се најстрашниот вид бидејќи черепот е затворена кутија, а мозокот сeуште е најмистериозниот и непознат орган. Покрај тоа, во текот на детството, човечкиот мозок се развива повеќе од кое било друго време во животот, што ги поставува темелите за идно учење, здравје и успех во животот на децата. Ако постои тумор во мозокот, тој може да го наруши здравиот раст и развој. Затоа туморот во мозокот на детето мора да се третира стручно и нежно. Меѓутоа, детската неврохирургија е уникатна специјалност, а само ограничен број неврохирурзи ширум светот се специјализирани исклучиво за лекување деца. Во „Аџибадем“, тимот за детска неврохирургија предводен од професор Мемет Озек кој е фокусиран исклучиво на дијагностицирање и лекување на педијатриски пациенти. Тоа е причината зошто „Аџибадем“ ги исполнува обемните барања од пациентите во врска со детската неврохирургија ширум светот.
Лекување тумор на мозокот во детството
Хируршкото отстранување на туморот често е најефективниот пристап за елиминирање на многу видови рак. Доколку е можно да се отстрани тумор од мозокот, хируршката интервенција нуди најдобри шанси за излекување, сѐ додека се изведува безбедно. Успехот на ресекцијата на туморот значително влијае на веројатноста за излекување и стапката на преживување на детето, а во исто време ја зголемува ефикасноста на следните третмани. Дополнително, во некои случаи, плановите за лекување може да опфаќаат терапија со зрачење, радиохирургија и хемотерапија.
Успешна приказна на пациент: Борба со огромен тумор на мозокот
Реалната приказна на конкретен пациент може да ги поттикне родителите кои се соочуваат со слични ситуации, покажувајќи им како прецизното планирање и начинот на лекување ги подобрува резултатите.
На 10-годишната Дестини, девојче од Камерун, ѝ бил дијагностициран тумор на мозокот во нејзиниот роден град. Таа страдала од губење сила во левата рака и стапало, силни главоболки и одредена парализа на лицето. Скенирањето со магнетна резонанца открило дека има голем тумор во главата, со големина од приближно 9 сантиметри. Мајката на Дестини, како и секој друг родител, сакала да се погрижи нејзината сакана ќерка да го добие најдоброто достапно лекување во светот. По пребарувањето и проценката на различни опции, таа се обратила до специјализираниот тим кој работи на тумори на мозокот кај деца во болницата „Аџибадем“ во Турција. Одделот за детска неврохирургија „Аџибадем“ користи пристап на соработка со тим од експерти кои имаат исклучителна обука и напредна технологија. Така, одлуката била донесена. Следниот чекор бил патот до „Аџибадем“. Патувањето од Камерун до Турција, што ја однело 4.500 километри од дома, било долго но шансата да се бори со туморот вредела.
Дестини направила сеопфатен физички преглед кај професорот Мемет Озек. Следната петчасовна операција, изведена од професорот Озек и неговиот тим, резултирала со успешно отстранување на целиот тумор на Дестини. „Го отстранивме туморот, операцијата мина добро и како резултат на тоа, Дестини почна да шета низ болничкиот оддел на вториот ден по операцијата. Сепак, постоеше ризик туморот да се врати во иднина. За да се избегне тоа, по операцијата беше применета радиотерапија на оперираната област", вели професор Озек.
Неколку недели по пристигнувањето во Истанбул, Дестини се вратила во својата земја како здраво девојче. Таа се чувствувала многу добро и сите нејзини симптоми исчезнале. Кога била отпуштена од болница, таа му оставила трогателно писмо на професорот Мемет Озек.
“Јас сум Дестини Ческа,
Го пишувам ова писмо за да им изразам благодарност на сите лекари кои се грижеа за мене за време на мојата болест, а особено на проф. Мемет Озек кој ми го спаси животот. Никогаш нема да заборавам ниту еден од вас до крајот на животот. Дури и додека сум далеку од вас во Камерун, секогаш ќе мислам на вас. Моето срце секогаш ќе биде со вас.
Ви благодарам на сите.”
„Аџибадем“ обединува педијатриски онколози, хирурзи и онколози-радитерапевти кои биле пионери во лекувањето карциноми кај деца. Секоја година стотици семејства од целиот свет се пријавуваат за лекување во „Аџибадем“ за болеста на нивните деца. Доколку сакате да дознаете повеќе, ви препорачуваме да разговарате со Информативните канцеларии на „Аџибадем“.
ПР објава