Пејачката Сиа тајно се омажи за момчето Ден Бернард: Церемонија со само четворица гости
Откако ја задржа нивната романса под закрила, Сиа тајно се омажи за своето момче Ден Бернард во Италија.
Сиа тајно се омажила за своето момче Ден Бернард. Пејачката (47) и нејзиниот партнер наводно се венчале на церемонија со свеќи во Портофино, Италија, со само четворица гости кои биле сведоци на свадбата, одржана под белведер украсен со цвеќиња.
Тоа е забележано на фотографиите направени од The Sun и доаѓа откако Сиа ја задржа тајно врската со Ден, освен што сподели една негова слика на Инстаграм во октомври.
Сликите покажауваат како таа оди по патеката во Вила Оливета, луксузна резиденција во сопственост на дизајнерите Долче и Габана - и истата куќа во која Кортни Кардашијан (44) и рокерот Тревис Баркер (47) ги разменија своите завети во мај 2022 година.
Турбулентниот љубовен живот на Сиа го вклучува и нејзиниот брак со режисерот Ерик Андерс Ланг (42) од 2014 до 2016 година.
Таа, исто така, остана уништена во 1997 година кога нејзиното момче Ден Понтифекс загина во сообраќајна несреќа неколку недели откако таа се пресели во Лондон за да биде со него.
Пејачката, родена како Сиа Кејт Изобел Фурлер, за весникот Сандеј Тајмс во 2007 година за нејзината тага, рече: „Бев прилично разочарана откако умре Ден. Јас навистина не можев да почувствувам ништо. Сите бевме уништени“, рече таа.
Сиа се забавуваше и со пејачот Џеј Ди Самсон (44) од 2008 до 2011 година, а сега е баба, откако посвои двајца тинејџери во 2019 година - од кои едниот доби близнаци следната година.
ФОТО: Инстаграм принтскрин