ПЕЈАЧКАТА ЗОИ БЛАЖ СО НОВА ПРОФЕСИЈА: Ги шминкам жените според душата

Добивај вести на Viber

Пејачката Зои Блаж ја стави во мирување музичката кариера, и се посвети на сосема друг бизнис, професионалната шминка. Под ново уметничко име, Зои е посветена на разубавување на дамите за разни пригоди.

„Уште од мала ги средував моите најблиски но си имав речено дека кога ќе пораснам покрај пеењето би се занимавала и со шминкерство, и ете мојот сон почнува да станува реалност од ден на ден. Многумина ме прашаа зошто порано не сум почнала да го правам тоа, бидејќи навистина добро ми оди и сум пресреќна. Од ден на ден станувам се подобра и се збогатувам со уште повеќе клиентки и им благодарам за довербата што ја имаат во мене. Убаво ми е кога тие се среќни и задоволни а јас им ја истакнувам убавината, но и внатрешната убавина“, ни изјави Зои.

Уште од мала ги средував моите најблиски но си имав речено дека кога ќе пораснам покрај пеењето би се занимавала и со шминкерство.- Зои на саемот за венчавки


За нејзиното уметничко име и нејзината страница, „Сар мејк ап“, таа се решила од причина што сакала тие да бидат впечатливи и несекојдневни.

„Секогаш кога ќе дојде клиентката, ја прашувам што ќе облече, но и покрај тоа го гледам нејзиниот карактер и душа,па така го одредувам и стилот на шминкањето“, додаде Зои.

Пејачката, која ги испеа сингловите „Ти си аут“, „Љубовта ме води“ и „Сама“ и други, следниот месец ќе се посвети на шминкање на невести, матурантки, и апсолвентки. Таа беше дел од Саемот на венчавки во февруари во Скопје, во улога на модел.