(ФОТО) Перо Антиќ со коса: Ретро мода на познатите
Еден од нив е нашиот најтрофеен фудбалски тренер Ѓоко Хаџиевски. Тој ни испрати фотографија од раните деведесети, на отварање на скопскиот ноќен клуб „Метропол“ . На сликата, Ѓоко е со познатиот скопски угостител Кире Костовски- Кристијан, а до него иако слабо се гледа е поп-пејачката Ребека. Зад Ребека, на фотографијата е „уловен“ и Игор Џамбазов.
Ѓоко Хаџиевски со Ребека и со Игор Џамбазов на отварање на ноќен клуб во деведесетите
Кристина Арнаудова на својот фејсбук профил објави стара слика со продуцентот Роберт Билбилов. Роберт меѓу другите песни е автор и на еден од првите хитови на Кристина „Прашина“, кој го испеа на “Макфест“ во 2001 година.
Роберт Билбилов ја напиша „Прашина“ , еден од првите хитови на Кристина Арнаудова
Сеќавање на актерот Ванчо Петрушевски кој почина минатото лето, објавија неговите пријатели. На сликата е и покојниот Дејан Цветковски, поранешен кошаркар и сопственик на популарното скопско радио „Скај“ од деведесетите години, како и неговиот добар пријател, актерот Гоце Тодоровски, сопственикот на радио „Бубамара“ Ранко Петровиќ и српскиот пејач Ѓорѓе Марјановиќ. Дружбата е по настанот „Скај, Оскар на популарноста“ во 1992 година.
Сеќавање на Ванчо Петрушевски.- со Гоце Тодоровски, Ѓорѓе Марјановиќ и екипа на „Скај радио“ во деведесетите
Влатко Стефановски, Гаро Тавитјан и Кокан Димушевски со долги коси, а Бодан Арсовски со брада беше сликата по која ги паметиме легендарните “Леб и сол“ во седумдесетите и во осумдесетите. Секогаш е убаво сеќавањето на „Као какао“, „Чувам ноќ од будних“, „Мамурни људи“.
„Легендарните Леб и сол на почетоците“
Малкумина би го препознале познатиот кошаркар Перо Антиќ и неговата сопруга Ружица, на почетокот од нивната врска. На оваа стара фотографија, Перо Антиќ има коса.
Перо Антиќ со сопругата Ружица
Мартин Вучиќ во времето на „Рано е да се врзам “