Пет чекори до подобар и поздрав дигестивен систем
Дигестивниот систем е почетна точка за нашето здравје. Доколку не функционира правилно, ќе дојде до домино ефект во целиот организам.
Варењето на храната започнува уште во устата. Самиот чин на темелно џваќање, дава позитивен ефект на дигестивниот систем, го стимулира лачењето на ензимите за понатамошно варење на храната.
За одржување на добар и поздрав дигестивен систем не е потребно многу, а за негово подобрување само неколку едноставни промени.
Бирајте продукти кои се најприближни на оригиналната - природна форма
Денешната исхрана се заснова на прехрабрени производи кои немаат природни супстанци, кои се се неопходни за правилно функционирање на организмот. Затоа, многу е важно исхраната да се заснова на продукти кои се најблиску до нивната оригинална - природна форма.
Внесувањето на растителни влакна е важно за доброто здравје на дигестивниот систем. Јадете свежо овошје и зеленчук секој ден, како и мешунки и интегрални житарки.
Бидете физички активни
Цврстите стомачни мускули обезбедуваат здрави црева. Едноставните вежби за стомачни мускули имаат позитивен ефект на движењето на цревата. Колку повеќе се движите, толку движењето на цревата ќе ви биде поголемо.
Користете лековити билки
Кога ќе почувствуваме некој дигестивен проблем, најчесто пиеме чај од нане. Постојат многу билки кои имаат лековито дејство, важно е да ја пронајдете онаа која ќе ви одговора.
Дали сте запознаени со маслото од коријандер или лист од глуварче? Маслото од семе од коријандер со векови се користи во Кина за регулирање на движењата на дебелото црево. Го стимулира лачењето на цревните сокови и ги ослободува гасовите. Листот од глуварче е еден од најдобрите детоксикатори на дигестивниот систем.
Побарајте мир барем на момент
Врската помеѓу физичкото и психичкото здравје е нераскинлива. Стресот е тивок убиец во денешното општество. Иако, стресот не може да го избегнеме, можеме да го промениме начинот на кој ќе реагираме на него. Кога сме под стрес, реагираме со борба или бегање од проблемите. Нашиот дигестивен систем го трпи тоа. Пронајдете свој начин со релаксација да го ублажите стресот, а воедно да го подобрите дигестивното здравје.
Понекогаш е потребно да ја искористите помошта на пробиотиците и ензимите
Дури и да водите сметка за својата исхрана може да ви се јават дигестивни проблеми. Може да бидат предизвикани од промената на животната средина, слабиот избор на свежо овошје и зеленчук (во зимскиот период) или некоја инфекција. Во овие времиња, не се двоумете да посегнете по пробиотик или ензим.
Извор: zenasamja.meНемојте да ги јадете на празен желудник: Намирници кои ќе ви го уништат стомакот