Пет чудотворни лековити чаеви за зимски детокс: Заштитници на здравјето

Добивај вести на Viber

Доколку во овие денови чувствувате умор, одморете се и наполнете ги батериите со добар детокс со помош на овие пет чаеви: 

Чај од коприва

Копривата во средниот век се користела како природен диуретик и за ублажување на болки во зглобовите и мускулите. Денес се применува за уринарни инфекции, кај зголемена простата, повреди или истегнување на мускулите и зглобовите, при убод од инсекти и егзем.

Копривата го поттикнува плакнењето на бубрезите како и работата на лимфниот систем кој е исклучително важен за детоксикација. Со оглед на тоа што ги отстранува токсините од организмот, овој чај е одличен тоник и за кожата.

Му дава блага енергија на телото и затоа е најдобро да се пие наутро.

Подготовка:лажица сушени листови коприва прелијте ги со врела вода, оставете ги да отстојат во поклопен сад и испијте го чајот

Напомена: чајот од коприва не е наменет за трудници

Чај од глуварче

Глуварчето е многу повеќе од обичен полски цвет. За детокс на телото може да се користи: цветот, листовите и коренот на глуварчето. Оваа билка го зголемува и нивото на ензимите што се одговорни за детокс на организмот. Неговите интензивно жолти цветови изобилуваат со антиоксиданси кои делуваат како прочистувачи на црниот дроб, но и како обновувачи на сите клетки во организмот.

Подготовка:цветовите на глуварчето потопете ги во вода, оставете да провријат на тивок оган околу 15 минути. Чајот може да се подгови и од исушени листови: во врела вода додајте  една лажица листови од глуварче, поклопете ги и оставете да отстојат 10-15 минути. Потоа исцедете го и испијте го чајот.

Чај од корен на чичка

Коренот на чичката стотици години се користел за прочистување на крвта а притоа е вистинска ризница на нутритивни состојки како: фолна киселина, магнезиум и витамини Ц и Е. Како и копривата, чичката е совршен диуретик кој преку урината ги исфрла токсините од вашиот организам. Содржи и силни противгабични и антибактериски својства. Освен што ја чисти крвта, се препорачува и за лечење на акни. Коренот на ова растение одлично го регенерира и  чисти црниот дроб и ја стимулира неговата работа. Го поттикнува варењето и ослободува од вишокот токсини.

Подготовка: во 250 мл вода ставете две лажици сушен корен од чичка и оставете да проврие. Оставете го поклопен 5-10 минути, процедите и испијте. Чајот можете да го пиете два до три пати на ден, но секогаш свежо подготвен.

Чај од кориандер

Оваа билка која наликува на магдонос, има интензивен вкус, а позната е по тоа што го прочистува организмот од тешките метали како живата, алуминиумот и кадмиумот.

Кориандерот ги врзува токсините за себе, а потоа ги елиминира од организмнот.

Одлично ја чисти кожата и има противвоспалителни, антиспетички и противгабични својства. Многу е делтворен кај проблеми со варењето и ја поттикнува работата на панкреасот.

Подготовка: метален филтер за чај се полнисо свежи или сушени листови кориандер и се става во чаша.  Се прелева со врела вода и се остава да отстои 10-тина минути. Чајот не е неменет за трудници.

Чајот од магарешки трн

Чајот од магарешки трн се смета за вистински заштитиник на црниот дроб. Благодарение на состојката силимарин придонесува за регенерација на клетките на црниот дроб и ги намалува оштетувањата настанати од преголемо количество лекови, штетното дејство на пестицидите од храната, токсините од воздухот и тешките метали.

Овој чај го поттикнува и излачувањето на жолчната течност со што придонесува за подобро варење.

Подготовка: 1-2 лажички сушен магарешки трн се прелева со 2 децилитра зовриена вода. Се остава да стои покриен 15 минути, се преоцедува и се пие два до три пати дневно.

*5 лековити чаеви кои го смируваат желудникот: Против мачнини, надуеност и грчеви