Пет години се во брак, сопругот ја изневерувал 3,5 години: Александра одлучи да му прости, цел Интернет ја нападна

„Ќе му простам, но нема да заборавам“, е заклучокот на младата Александра Ацеведо откако открила дека нејзиниот сопруг имал долгогодишна врска; всушност тој ја изневерувал во поголемиот дел од нивниот брак

Сепак, таа реши да премине преку тоа, а откако доби многу критики и навреди на социјалните мрежи за нејзината одлука, реши јавно да објасни зошто решила да се помири со ваквото сознание.

Александра открила дека нејзиниот сопруг ја изневерува благодарение на СМС-пораката што ја нашла во неговиот телефон. Иако немала навика да го прави тоа, во декември го проверила телефонот на сопругот, при што наишла на сомнителна порака.

„Најдов порака на неговиот телефон во која пишуваше „Зошто мислиш дека таа ќе дознае?“.

Најпрвин се обидел да се оправда тврдејќи дека пораката му ја испраќа на пријател, но следното утро решил сè да признае. 

„На почетокот бев многу лута и повредена, многу емоции минуваа низ мене. Многу се расправавме и буквално морав да ја извадам вистината од него. Кога ми призна, го замолив да си замине", вели Александра.

Аферата на нејзиниот сопруг траела три и пол години, па најголемиот дел од бракот со оглед на тоа што се заедно пет години. Таа истакнува дека секогаш била љубезна кон него и верувала во неговите квалитети, а тој со својата нелојалност ја „гризнал за срце“.

Сепак, од друга страна, неговата прељуба била чкрапалото што го натерало Мајкл радикално да се промени - тој сфатил дека мора да работи на себе, да престане да пие и да се коцка. Почнал да оди на терапија и бил решен да поработи на нивната врска и искрено да се покае, наместо да ја избере можеби полесната опција - развод.

„Се чувствував како ѓубре. Но, една ноќ се опијанив, речиси до смрт, и одеднаш имав момент на просветлување, сфаќајќи дека треба да жртвувам сè за доброто на бракот. Никогаш толку многу не сум се каел за грешка, а тоа е нешто за што ќе се каам уште долго, ако не и засекогаш“, призна Мајкл.

Александра истакнува дека со денови поминувала низ вртелешка различни емоции - од тага, збунетост, лутина, повреденост, па сè до надеж. Преку разговор со пријателите и семејството, но и со помош на книги за самопомош, сфатила дека тоа не е нејзина вина.

„За да стигнам до местото каде што сум сега, само престанав да го барам виновникот во себе, но и во него. Престанав да барам причини зошто се чувствувам лошо и почнав да барам причини да се чувствувам добро. Тој направи сè што можеше за да се смириме. Имам моменти на слабост, моменти кога се прашувам зошто ме лажеше толку долго и што ќе го спречи да го повтори тоа. Но тој не се откажува и вели дека ќе продолжи да се труди и тоа ми го докажува секој ден, ако му дадам шанса“, објаснува оваа 26-годишна девојка.

Александра истакнала и дека не сакала да го остави во „најтемниот момент од неговиот живот“, бидејќи бил беспрекорен татко и сопруг, доколку се исклучи аферата.

„Неописливо сум благодарен на мојата сопруга што беше толерантна. Сакаме работите да се подобрат и чувствувам дека нашата комуникација се подобрува“, изјави Мајкл.

Инаку, Александра на социјалните мрежи ја сподели приказната за прељубата, што наиде на бројни реакции од интернет корисниците - многумина ја осудија и навредуваа поради тоа што му простила на сопругот за прељубата. Таа тврди дека тоа не ја одвратило од обидот да го среди својот брак.

„Работиме на тоа секој ден. Имам моменти на криза, но тој е многу непоколеблив, ме разбира и е фокусиран да ми помогне. Никогаш порано не сум ја видела оваа негова страна. Љубовта мора да биде таму. Тоа не е минливо чувство, тоа е избор што го носиш секој ден и кога ќе престанеш да избираш да сакаш некого, лесно е да се откажеш од него“, заклучи таа.

Извор: zena.blic.rs